Хектометар (симбол: хм, SI-симбол: hm) — мерна единица за должина во Меѓународниот систем на мерни единици (SI) еднаква на 100 метри или една десеттина од километарот. Поимот е кованка од „метар“ и SI-претставката „хекто-“, што значи „сто“.

Едно фудбалско игралиште е долго приближно еден хектометар. Единицата хектар (ха) е еквивалентна мерка за површина, еднаква на квадратен хектометар (хм2).

Поврзано Хектолитар

Наводи

Категорија:Единици за должина