Основно училиште „Цветан Димов“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Цветан Димов“ - Казандол; скратено: ПООУ „Цветан Димов“) — подрачно основно училиште во селото Казандол, претставува единка на училиштето „Јосип Броз Тито“ од градот Валандово.

Училиштето е именувано по македонскиот народен херој Цветан Димов.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Казандол, на самото сретсело.

Историја

Старото училиште било изградено во 1936 година, додека ново училиште било изградено во 2019 година.

Градба

Површината на објектот е 112 метри квадратни и се загрева со печка на дрва.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Валандово Казандол Категорија:Казандол