Ѓоре Ѓелев (роден 25 октомври 1983 година во Велес) - македонски писател. Пишува поезија, раскази и сценарија за стрипови. По професија е инженер по системски софтвер.
Биографија Ѓоре Ѓелев е роден 25 октомври 1983 година во Велес. Основно образование завршува во ООУ „Трајко Андреев“ во Велес, а потоа се запишува во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес. По завршување на средното образование студира на Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот по Информатика. Дипломирал во 2007 и се здобил со звање „Инженер по системски софтвер“. Моментално живее и работи во Скопје. Работи во индустријата за развој на софтвер. Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес. Наградуван е на неколку литературни конкурси за песни и раскази, како и на натпревари по кинеска калиграфија.
Негови песни и раскази се дел од повеќе заеднички збирки и списанија. Учествувал на бројни поетски и литературни настани низ Македонија, меѓу кои:
„Рацинови средби“ - Велес
„Лирски треперења“ - Крива Паланка
„Кавадаречко културно лето“ - Кавадарци
„Велешка поетска вечер“ – Велес
Учествувал на повеќе групни стрип изложби во Македонија и надвор од неа.
„Сомборски стрип фестивал“ - Сомбор, Србија
„Современи македонски стрип автори“ - Ѓаково, Србија
„Интернацинален стрип фестивал“ - Велес, Македонија
Творештво Автор е на следните стихозбиркиː
„Лиричност од Шекспирова“ (2020) „Тежината на вториот чекор“ (2022)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени 1983Категорија: Македонски писателиКатегорија:Луѓе од Велес