1191 Започнало зографирањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. 1719 Излегол романот „Робинзон Крусо“ на англискиот писател Даниел Дефо. 1859 Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинанд де Лесепс, започна изградбата на Суецкиот Канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратешко и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Блискиот и Далечниот Исток. 1959 Пловниот пат Сент Лоренс, кој ги поврзува Големите Езера преку реката Сент Лоренс и систем од канали со Атлантскиот Океан е отворен за пловидба. 1945 Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на Обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН). 1960 Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината.
1979 Во Битола е основан вториот универзитет во СР Македонија, „Свети Климент Охридски“.
1996 Република Македонија и Хондурас воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. 25 април