Генетските проучувања на Евреите — дел од популациона генетика и се користи за анализа на хронологијата на еврејската миграција придружена со истражувања во други области, како што се историјата, лингвистиката, археологи„The origins ofјата и палеонтологијата. Овие проучувања го истражуваат потеклото на различните еврејски етнички поделби. Конкретно, тие испитуваат дали меѓу нив постои заедничко генетско наследство. Медицинската генетика на Евреите се проучува за болести кои се специфични за населението.

Проучувањата за еврејската популација главно биле спроведени со користење на три типа генеалошки ДНК тестови: автосомни (atDNA), митохондриски (мтДНК) и Y-хромозом (Y-ДНК). Тестовите за ДНК, кои ја разгледуваат целата ДНК смеса, покажуваат дека еврејските популации имаат тенденција да формираат генетски изолати - релативно тесно поврзани групи во независни заедници, при што повеќето во заедницата имаат значајно потекло - при што Евреите Ашкенази ја формираат најголемата таква група. Тестовите на мтДНК и Y-ДНК го разгледуваат потеклото на мајката и таткото, соодветно, преку две мали групи на гени кои се пренесуваат единтвено преку женски или машки предци.

Генетската анализа открива големо генетско потекло на еврејски групи од Левант или Блискиот Исток, придружено со мешање и интрогресија со не-еврејските популации домаќини, кои се разликуваат меѓу различните еврејски заедници. Проучувањата за генетскиот состав на еврејските популации Ашкенази, Сефарди и Мизрахи од еврејската дијаспора покажуваат значителни количини на заедничко потекло од Блискиот Исток. Неколку еврејски групи покажуваат генетска близина со Либанците, Палестинците, Бедуините и Друзите, покрај јужноевропските популации, вклучувајќи ги Кипарците и Италијанците. Евреите кои живеат во северноафриканските, италијанските и ибериските региони покажуваат променлива фреквенција на мешање со историското нееврејско население по мајчина линија. Во случајот со Ашкеназите и Сефардските Евреи (особено мароканските Евреи), кои се тесно поврзани, изворот на нееврејската мешавина е главно јужноевропска. Некои истражувачи забележале особено блиска врска помеѓу Ашкеназите Евреи и современите Италијанци. Некои проучувања покажуваат дека Евреите Бене Израел и Кочините од Индија, и Бета Израел од Етиопија, иако многу наликуваат на местното население на нивните родни земји, можеби имаат некое античко еврејско потекло.

Историја За разлика од религијата на јудаизмот и неговата формативна улога во обликувањето на еврејскиот идентитет, и бавното формирање на чувството за еврејска националност од Ездра и Немија до Хасмонејците и наваму , теориите за етничкото потекло на Евреите, кое претставува нивни „еврејски идентитет“ 'Не можам да тврдам дека сум навлегол во внатрешната мистерија на еврејскиот идентитет или „еврејството“. Коен 1999 стр.3. се доведени во прашање и се оспорува традиционалниот наратив за потеклото од Израелците,Вицман 2019 стр.1-3.Дејвид Микиц, ‘Што го прави Евреин на еден Евреин? За Потеклото на Евреите на Стивен Вајцман,’ Los Angeles Review of Books, 1 јули 2017:'Библијата инсистира на тоа дека Бог и Мојсеј ги „измислиле“ Евреите: заедно го наметнале законот на непослушните Израелци и ги претвориле во Евреи кои ја почитуваат Тората... Генетиката нè искушува да размислуваме за еврејската историја како семејна приказна. Но, аналогијата меѓу нацијата и семејството не води на погрешен пат. Генетското наследство не е исто што и културните традиции што го прават народот. Досега, се смета дека мало мнозинство од Евреите имаат генетски корени од древниот Близок Исток. Без разлика дали ова е вистина или не, фактот за еврејскиот народ останува ист.' заедно со обидите да се обезбедат генетски докази што го потврдуваат библиското раскажување.'Тој (Стивен Вајцман) смета дека сите предложени теории се неповолни, или поради недоволните податоци или, почесто, поради методолошката непрецизност. Многу од предложените објаснувања ни кажуваат повеќе за верувањата и перспективите на раскажувачите отколку за наводното потекло на Евреите...Генетската наука сè уште не ни даде цврста основа врз која ќе ги изградиме нашите поими за еврејското потекло.' Шеј Коен, 'Преглед на книгата: Потеклото на Евреите: Потрагата по корени во доба без корен од Стивен Вајцман,' Moment Magazine 24 мај 2017

Постоеле обемни генетски проучувања на темата во последните децении кои ги идентификувале генотипските заеднички именители на еврејскиот народ, но како што вели Рафаел Фалк, додека одредени откриени генетски компоненти од Блискиот Исток постојат во бројни еврејски заедници, нема докази за единствен еврејски прототип и дека „секоја општа биолошка дефиниција за Евреите е бесмислена“.„секоја општа биолошка дефиниција за Евреите е бесмислена. И покрај внатрешната еврејска упорност, социо-културна поврзаност, заедно со исклучувањето на Евреите од нееврејското општество, еврејските заедници никогаш не биле репродуктивно изолирани од своите соседи. Иако постојат широко распространети докази за одредени генетски компоненти на Блискиот Исток во бројни еврејски заедници, нема доказ за типичен еврејски прототип.“Рафаел Фалк 2017 стр.208

Веќе во 1950-тите, биле направени неуспешни обиди да се користат маркери како што се шаблони за отпечатоци од прсти за да се карактеризираат еврејските заедници. Во 1960-тите, бил постигнат поголем успех во следењето на распространетоста на генетските болести во еврејските заедници. Заедно со ова, биле спроведени проучувања кои се фокусирале на идентификување на трендовите во фреквенциите на зближување на крвните групи. Исто така, во тоа време, започнало да се спроведуваат проучувања врз основа на крвни групи и серумски маркери, истражување кое дало докази за потеклото на Блискиот Исток меѓу еврејските групи од дијаспората и одреден степен на заедништво помеѓу еврејското население во однос на спарено еврејско и нееврејско население. Иако напорите да се пронајдат фреквенции на збирливи крвни групи кои би можеле да укажат на „хипотетички древни Евреи“ не биле успешни, според Фалк, тоа „не ги обесхрабрило авторите“ од тврдењата за заедничко потекло.

Од средината на 1970-тите, секвенционирањето на РНК и ДНК овозможило споредба на генетските врски, а во текот на 1980-тите, исто така станало возможно да се испита генетскиот полиморфизам на повеќе места во секвенците на ДНК. Во овој период, истражувачите работеле на категоризација на поврзаноста помеѓу различните еврејски групи. Поради недостигот на полиморфни маркери, раните проучувања „се фокусираа на генетски растојанија“ и граделе хиерархиски модели помеѓу примероците од населението. Напредокот во анализата на секвенците на ДНК со користење на алгоритми засновани на „веројатни заеднички предци врз претпоставката за разгранети филогении“ укажале на заедничките предоци помеѓу различните еврејски заедници, како и на преклопување со медитеранските популации. И раните проучувања за крвните маркери и подоцнежните проучувања на хаплотиповите на моноалелична Y хромозомска и митохондриска ДНК (мтДНК) откриле докази и за блискоисточно и за местно потекло, со неодредени нивоа на локална генетска мешавина. Заклучоците од различните спроведени студии се покажале како „извонредно слични“, обезбедувајќи докази за заедничко генетско потекло меѓу главните групи од дијаспората и различни нивоа на локална генетска мешавина.

Во 1990-тите, ова се развило во обиди да се идентификуваат маркери во многу дискретни групи на население. Резултатите биле измешани. Една студија за наследното свештенство Коени открило карактеристични знаци на генетска хомогеност во групата. Во исто време, не било пронајдено необично групирање на Y-хаплотипови во однос на некоханимските Евреи. Сепак, ваквите проучувања покажале дека може да се идентификуваат одредени групи на население. Како што забележал Дејвид Голдстајн: „Нашите проучувања за Коените покажаа дека денешните Ашкенази и Сефарди се генетски повеќе слични еден на друг отколку на Израелците или не-Евреите“.

Во доцните 1990-ти, Узи Рите вкрстено ги анализирал Y-хромозомите и митохондриските ДНК (mtDNA) секвенции во шест еврејски заедници и открил индикации за „мешање со соседните заедници на не-Евреи“. Проучувањето за mtDNA на Ашкеназите во 2013 година, во меѓувреме открило четири матрилинеарни основачи, од кои сите потекнуваат од праисториска Европа, наместо од Блискиот Исток или Кавказ. Фалк забележува дека „не е изненадувачки што Евреите Ашкенази се покажаа дека составуваат посебна, но сосема интегрална гранка на европската геномска таписерија“.

Неколку генетски проучувања покажале дека приближно половина од генетската лоза на Евреите Ашкенази може да се проследи до древниот Близок Исток, а другата половина до Европа, што ја докажува близината и со античките и со сегашните блискоисточни и европски групи. Поголемиот дел од европската половина доаѓа главно од јужноевропските популации. Неколку проучувања проценуваат дека помеѓу 50% и 80% од ашкенаските Y-хромозомски (татковни) лози потекнуваат од Блискиот Исток, при што некои проценуваат дека најмалку 80% од нивните мајчински лози потекнуваат од Европа. Повеќето истражувачи денес веруваат дека раните еврејски заедници од јужна Европа, кои се предци на Евреите Ашкенази, потекнуваат и од древните Израелци и од Европејците преобратени во јудаизмот.

Татковска линија мини|Карта на распространетост на хаплогрупата J (Y-DNA). Приближно 35% до 43% од еврејските мажи се во татковската линија позната како хаплогрупа Ј и нејзините под-хаплогрупи. Оваа хаплогрупа е особено присутна на Блискиот Исток и Јужна Европа. 15% до 30% се во хаплогрупата E1b1b, (или E-M35) и нејзините под-хаплогрупи кои се вообичаени на Блискиот Исток, Северна Африка и Јужна Европа. Медитеранската хаплогрупа T1a1 се наоѓа во различни проценти во зависност од проучуваната еврејска група, со 15 до 3% со најголема фреквенција во еврејските заедници родени во Плодната Полумесечина и Источна Африка.

Во 1992 година, Г. Лукот и Ф. Дејвид станале првите генетски истражувачи кои документирале заедничко татковско генетско наследство помеѓу Сефардите и Ашкенашките Евреи. Друго проучување објавено само една година подоцна го сугерира блискоисточното потекло на еврејската татковска лоза.

Во 2000 година, М. Хамер и неговите соработници, спровел проучување на 1.371 мажи и дефинитивно утврдил дека дел од татковскиот генски базен на еврејските заедници во Европа, Северна Африка и Блискиот Исток потекнува од заедничка популација на предци од Блискиот Исток. Тие сугерирале дека повеќето еврејски заедници во дијаспората останале релативно изолирани и ендогамни во споредба со нееврејските соседни популации.

Истражувањата на Небел и неговите соработници на Y-хаплотиповите (татковните лози) на Ашкенази Евреите, Курдите и Сефардите (Северна Африка, Турција, Пиринејскиот Полуостров, Ирак и Сирија) покажуваат дека Евреите се генетски повеќе слични со групите во северната Плодна Полумесечина (Курди, Турци и Ерменците) од нивните арапски соседи, и сугерираат дека дел од оваа разлика може да се должи на миграцијата и мешањето од Арапскиот Полуостров во текот на последните два милениуми (во одредени денешни популации што зборуваат арапски). Имајќи го предвид времето на ова потекло, проучувањето открило дека „заедничката генетска позадина на Блискиот Исток (на еврејските популации) претходи на етногенезата во регионот и заклучува дека базенот на хромозомот Y на Евреите е составен дел од генетскиот пејзаж на Блискиот Исток“. Студијата сепак открила висок степен на севкупна сличност помеѓу еврејските и локалните арапски групи.

Лукот и неговите соработници во проучувањата од 2003 година покажале дека (ориентални, сефардски, ашкенашки Евреи и Либанци и Палестинци), „се слични во нивните обрасци на Y-хаплотип, и во однос на распределбата на хаплотипот и фреквенциите на хаплотипот VIII на предците“. Авторите во своите наоди навеле дека „овие резултати ги потврдуваат сличностите во фреквенциите на Y-хаплотипот на оваа блискоисточна популација, со заедничко географско потекло.“