R-L151, исто така позната како R-L11 и R1b1a2a1a, е хаплогрупа на ДНК на човечки Y-хромозом; потклад од пошироката хаплогрупа R1b (R-M343). Најчесто се наоѓа кај мажи од Западна Европа - особено Западна Франција, Северна Шпанија, Велика Британија и Ирска.
Потекло Оваа хаплогрупа е поврзана со периодот на културата на линеарна керамика или ѕвонести пехари, и веројатно основана 3.000 години пред нашата ера во централниот дел на Европа.
R-L151 е најчестата гранка на R-M269 и се наоѓа во изобилство долж бреговите на Атлантикот на западна Европа, особено Аквитанија, Астурија, Баскијците, Белгија, Бретања, Галиција, Англија, Ирска (како целина), Лоара регионот, островот Ман, Северна Португалија, Северна Шпанија, Шкотска и Велс. На значителни нивоа ја има и во Швајцарија и Северна Италија. R-L151 се наоѓа на пониски честоти во Полска и Украина, како и во многу други европски земји. Од раниот нов век, мажите кои емигрирале од Европа вовеле значителни нивоа на R-L151 во Америка и Австралазија.
Оваа човечка хаплогрупа има две поткладови, југозападната гранка, P312/S116 и североисточната гранка, R1b-S21-U106.
Наводи
Категорија:Човечки Y-ДНК хаплогрупи Категорија:Генетска историја на Европа Категорија:Хаплогрупа R