Аргајл (англиски: Argylle) — шпионски филм во режија на Метју Вон. Главните улоги ги толкуваат Хенри Кавил, Сем Роквел, Брајс Далас Хауард и Брајан Кренстон. Аргајл имал премиера на плоштадот Odeon Luxe Leicester во Лондон на 24 јануари 2024 г., пред да биде објавен од Universal Pictures и Apple Original Films во Обединетото Кралство на 1 февруари, а во САД следниот ден. Филмот добил во целост мешани одзиви од критичарите и заработил 35 милиони долари ширум светот. Во Македонија, премиерата била на 1 февруари 2024 г.

Содржина Ели Конвеј, повлечена писателка на шпионски романи што ретко го напушта својот дом, е вовлечена во вистинскиот свет на шпионажата кога заплетот на нејзините книги малку премногу се приближува до дејностите на злобниот подземен синдикат. Кога Ејден, шпион, се појавува за да ја спаси (така тој вели) од грабнување или убиство (или и двете), Ели и нејзината сакана мачка Алфи се втурнати во таен свет каде што ништо и никој не е како што изгледа.

Улоги ГлумецУлогаХенри Кавилагентот АргајлСем РоквелЕјденБрајс Далас ХауардЕли Конвеј

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Американски шпионски филмови Категорија:Британски шпионски филмови