Марат Михајлович Сафин (; ; роден на во ) — поранешен руски тенисер. Сафин, во својата кариера освоил 15 АТП турнири и 2 Гренд Слем турнири, а исто така во еден момент беше и светски рекет број 1. Тој е постар брат на моментно вторпласираната тенисерка во светот Динара Сафина. Тие се досега единствените брат и сестра, кои успеале да го достигнат првото место на АТП, односно ВТА листата.

Сафин ја започна професионалната кариера во 1997. Во ноември 2000, тој го зазеде првото место на АТП ранг листата, на коешто се задржа 9 седмици. Првата Гренд Слем титула ја освои на отвореното првенство на САД во 2000 по победата над Пит Сампрас во финалето, а втората титула ја освои на отвореното првенство на Австралија, победувајќи го Лејтон Хјуит во финалето. Сафин, исто така има освоени и две титули како дел од репрезентацијата на Русија во Дејвис купот, прваат во 2002 и втората во 2006. И покрај неговата омраза кон тревнатите терени, во 2008, тој стана првиот руски тенисер кој успеал да се пласира во полуфиналето на Вимблдон. За време на учеството на последниот турнир во кариератаSafin bows out of final US Open, на отвореното првенство на САД во 2009 Сафин беше 61. на официјалната АТП ранг листа.

Семејство и рани години Сафин е роден во Москва, СССР (денес Русија) во татарско семејство, како дете на Михаил Алексеевич (Мубин Алиамцевич) и Рауза Исланова. Сафин себеси се има опишано како муслиман, кој не е наклонет на верата. Неговите родители се поранешни тенисери, а моментни тренери, а неговата помала сестра Динара (р. 1986) е исто така тенисерка, поранешен светски рекет број 1 во жеснак конкуренција и освојувачка на сребрен медал на Летните олимписки игри во 2008, кои се одржаа во Пекинг. Марат започнал да игра тенис на 6 години, заедно со неговиот татко, кој раководел со локалниот тениски клуб Спартак, во кои имаат тренирано многу други врвни тенисери, како Ана Курникова, Елена Дементиева и Анастасија Мискина.

На 14 години, Сафин се преселил во Валенсија, Шпанија, со цел да се вклучи во понапредните програми на тренинг, кои во тоа време не биле достапни во Русија. Сафин вели дека пораснал „многу брзо... без мускули“ и дека се преселил во Шпанија, поради тоа што земјените терени се „подобри за колената“. Како резултат на неговиот престој во Шпанија, тој зборува течно шпански.Safin joins Spanish party

Тениска кариера Професионалната кариер, Сафин ја започна во 1997. На отвореното првенство на Франција во 1998, тој успеа последователно да ги победи Андре Агаси и актуелниот првак Густаво Куертен, а потоа и Даниел Вацек, со што обезбеди учество во осминафиналето, во коешто загуби од Седрик Пиолин.U.S. OPEN: NOTEBOOK; After Teen-Agers Play, Talk Is of Top 10 Futures

Светски рекет број еден Сафин беше светски број 1 на АТП ранг листата 9 седмици во 2000. Со тоа, тој во тој момент стана најмладиот тенисер кој дотогаш успеал да го постигне тоа, рекорд кој го урна Лејтон Хјуит следната година. Тој, исто така е највисокиот тенисер, којшто некогаш бил светски рекет број 1.

Гренд Слем турнири Во 2000, Сафин победи на отвореното првенство на САД, со што стана првиот руски тенисер, којшто успеал да победи на овој турнир, совладувајќи го во финалето Пит Сампрас во три сета со 6-4, 6-3, 6-3.

Сафин обезбеди место во финалето на отвореното првенство на Австралија на турнирите во 2002, 2004 и 2005. Тој демонстрираше голема нервоза по поразот на турнирот во 2002 и голема истрошеност по поразот во 2004.Federer toys with Safin in Australian Open final Сепак, во 2005, тој успеа да победи на турнирот, откако во финалето го совлада Лејтон Хјуит со 1-6, 6-3, 6-4, 6-4, а претходно во полуфиналето и најдобриот тенисер во светот во тој момент Роџер Федерер. Мечот против Федерер беше меч во 5 сета, со кој Сафин ја прекина серијата на противникот од 26 меча без пораз против тенисери кои се меѓу најдобрите 10 во светот и го опиша како „борба на умови“.Safin wrecks Federer's 26-match win streak in semis

Најдобриот резултат на Марат на Ролан Гарос е учеството во полуфиналето на турнирот во 2002, во коешто загуби против Хуан Карлос Фереро со 6-2, 6-3, 6-4. На Вимблдон, негов најдобар резултат, исто така е учеството во полуфиналето, но во 2008, кога загуби против Роџер Федерер со 6-3, 7-6 (3), 6-4.

Мастерс серија Во својата кариера, Сафин има освоено 5 турнири од АТП Мастерс серијата. Првиот го осови во 2000 на турнирот во Торонто, Канада. Со 3 титули (2000, 2002 и 2004), тој е рекордер по бројот на победи на турнирот во Париз, а исто така има и титула на турнирот во Мадрид во 2004.

Мастерс куп Најдобриот резултат на Сафин на тенискиот мастерс куп е учеството во полуфиналето, и тоа во 3 наврати (во 2000, 2002 и 2004). Во 2004, на тенискиот мастерс куп во Хјустон, САД, во полуфиналето тој загуби од Роџер Федерер со 6–3, 7–6 (18). Тај брејкот во вториот сет, кој заврши со резултат 20-18 беше третиот најдолг во историјата.

Дејвис куп Како дел од тениската репрезентација на Русија, Сафин го освои Дејвис купот во 2002, откако неговата репрезентација во финалето, ко се одигра во Париз, ја победи репрезентацијата на Франција со 3-2. Во победничката репрезентација, уште беа и Евгениј Кафелников, Михаил Јужни, Андреј Столјаров и капитенот Шамил Тарпишчев. Репрезентацијата на Русија стана втората репрезентација, којашто успеала да победи во финалето со пораз во мечот во двојки и првата репрезентација, којашто успеала да победи по негатива од 2-0.

Марат беше дел и од репрезентацијата на Русија, која го освои Дејвис купот во 2006. Иако загуби во првиот меч против Давид Налбандијан, тој заедно со својот тимски другар Дмитриј Турсунов победи во мечот во двојки, како и во одлучувачкиот меч против Хосе Акасусо со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3, 7-6 (5)).

Во 2009, фаворизираната репрезентација на Русија се сретна со репрезентацијата на Израел во четвртфиналето на Дејвис купот. Во пресрет на почетокот на мечот, Сафин изјави: „Со целосна почит, Израел среќно се квалификуваше во четвртфиналето.“Spungin, Simon, „Davis Cup win was a very Israeli triumph“ , Haaretz, 11 јули 2009

Израел поведе со 2-0„Israel drops Russia 2-0 in Davis Cup“ , Russia Today, 11 јули 2009, а следниот ден победи и во мечот во двојки.„Netanyahu: Davis Cup team has filled nation with pride“ , The Jerusalem Post, 11 јули 2009 Поради тоа што епилогот веќе беше познат, завршните два меча наместо во 3 добиени, се играа во 2 добиени сета.Dimon, Ricky, „Singles rubbers dead as Israel finishes off Russia“ , Tennis Talk, 11 јули 2009 Репрезентацијата на Израел победи во мечот со 4-1.„Israel completes Davis Cup win over Russia“, Miami Herald, 12 јули 2009

2005 мини|десно|180п|Сафин го демонстрира својот силен бекхенд Уште на крајот од 2004, Сафин благодарение на неговиот тренер Петар Лундгрен, забележа одлични резултати и се вбројуваше меѓу најголемите фаворити за освојување на титулата на отвореното првенство на Австралија во 2005. Според голем број на критичари, отвореното првенство на Австралија во 2005 беше еден од најинспиративните Гренд Слем турнири во историјата на тенисот, на кој Сафин во полуфиналето го победи најдобриот тенисер во светот во тој момент, Роџер Федерер со 3-2 во сетови (5-7, 6-4, 5-7, 7-6 (6), 9-7), спасувајќи меч топа на противникот во четвртиот сет. Потоа, Сафин во финалето го победи Лејтон Хјуит со 3-1 во сетови (1-6, 6-3, 6-4, 6-4). По завршувањето на турнирот и во чест на соработката со Петар Лундгрен, Сафин изјави: „Не верував претходно во тоа, пред да започнам да работам со него.“

По победата на првиот Гренд Слем турнир во сезоната, Сафин загуби уште во раната фаза на следните 7 турнири, на кои играше, а кои се во распоредот меѓу отвореното првенство на Австралија и Ролан Гарос. На Ролан Гарос, Сафин стигна до осминафиналето, во коешто загуби со 3-2 во сетови (5-7, 6-1, 1-6, 6-4, 6-8) од Шпанецот Томи Робредо. Во јуни 2005, кратко по неуспешното учество на Ролан Гарос, Сафин се надмина себеси, стигнувајќи до финалето на турнирот во Хале, кој се игра на трева. Во финалето, тој загуби против Роџер Федерер.

2006 Иако имаше сериозни проблеми со коленото, Сафин, на почетокот од 2006, сепак настапи на турнирите од АТП Мастерс серијата во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Рим и Хамбург.

На 17 август 2006, по разочарувачката година во којашто Сафин постојано страдаше од повреди, на АТП ранг листата, тој се најде дури на 104. место, по што привремено се раздели со тренерот Лундгрен.Safin to take a break from coach мини|десно|180п|Марат Сафин на сервис, отворено првенство на САД, 2006 На отвореното првенство на САД во 2006, Сафин го победи Давид Налбандијан (светски рекет број 4) во вториот круг во меч во 5 сета, но загуби во осминафиналето против Германецот Томи Хас, исто така во меч во 5 сета.

На 14 октомври 2006, Сафин обезбеди учество во финалето на Кремлин купот во Москва. Топа беше првото финале за Марат по пауза од една и пол година, во кое тој загуби против сонародникот Николај Давиденко.

Сафин ѝ помогна на својата репрезентација во полуфиналето до Дејвис купот во победата против САД со 3-2. На 3 декември, во последниот меч од финалето против репрезентацијата на Аргентина, Сафин го победи Хосе Акасусо со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3, 7-6 (5)), со што по вторпат ја освои титулата во ова престижно натпреварување. Во првиот меч од финалето, тој загуби со 3-0 (6-4, 6-4, 6-4) по сетови против Давид Налбандијан, а во мечот во двојки, заедн со Дмитриј Турсунов извијува победа против аргентинската двојка, Налбандијан-Калери.

2007 мини|десно|180п|Сафин во 2007 Во пресрет на отвореното првенство на Австралија во 2007, Сафин не одигра ниту еден подготвителен турнир. Во 2006, тој не настапи на турнирот поради повреда, па ова беше неговиот прв турнир по освојувањето на титулата во 2005. Тој стинга до третиот круг, во кој загуби од Енди Родик со 3-1 во сетови (6-7, 6-2, 4-6, 6-7), во исцрпувачки меч, кој тѕраеше цели 3 часа. 2007 was his first Australian Open since he captured the title in 2005. По мечот, Родик изјави: „Со Марат, којшто го знаете, Вие ќе добиете тобоган. Вие треба само да се обидете да се фокусирате, а јас бев способен да го направам тоа вечерва.“

Во април, Сафин како дел од репрезентацијата на Русија во четвртфиналето на Дејвис купот го победи Пол Анри Матје во 3 сета во клучниот меч, со што и донесе победа на својата репрезентација против репрезентацијата на Франција.

Сафин обезбеди учество во третиот круг на Вимблдон, во кој изгуби од бранителот на титулата Роџер Федерер. Во јули, Сафин соопшти дека ја раскинува соработката со неговиот тренер Александар Волков и дека негов нов тренер е Херман Гуми.

Во октомври, на Кремлин купот во Москва, Сафин заедно со Дмитриј Турсунов го осови вториот АТП турнир во двојки во кариерата, што беше воедно и прв освоен турнир по победата на отвореното првенство на Австралија во 2005.

2008 Сафин се подготвуваше за престојниот Гренд Слем турнир во Австралија, учествувајќи на егзибициониот турнир Коојонг во Мелбурн. На турнирот учествуваа и Родик, Фернандо Гонсалес, Николај Давиденко, Маркос Багдатис, Иван Љубичиќ и Енди Мареј. Сафин победи во првиот меч против Мареј со 6–1, 6–4 пред да загуби во вториот круг против Енди Родик со 6–3, 6-3. Во мечот за разигрување за третото место, Сафин го надмина поразот против Родик, победувајќи го Фернандо Гонсалес со 6–3, 6–3. На отвореното првенство во Австралија, во првиот круг Марат го победи Ернестс Гулбис во 3 сета, со 6–0, 6–4, 7–6 (2). Во вториот круг, тој одигра исцрпувачки меч против Маркос Багдатис, во кој успеа да се врати од негатива од 2 сета, но сепак загуби со 3-2 (4-6, 4-6, 6-2, 6-3, 2-6).

Во февруари, Сафин доби вајлд карти да настапи на турнирите во Мемфис и Лас Вегас. На турнирот во Мемфис, тој загуни уште во првиот круг против Томас Јохансон со 7–6, 7–6. На турнирот во Лас Вегас во 2007, Сафин загуби во полуфиналето од Лејтон Хјуит со 7–5, 6–1. Во 2008, на истиот турнир, тие повторно се сретнаа, но во првиот круг, при што Хјуит повторно беше поуспешен, овој пат со 6-2, 6-1.Hewitt thrashes struggling Safin