АТП Кордоба 2024 – поединечно - бил турнир од АТП серијата 250 кој се одиграл во Кордоба, Аргентина, како дел од тениската сезона 2024 од 5 до 11 февруари 2024.

Во финалето на ова издание, Лучано Дардери го победил Факундо Бањис со 6–1, 6–4, со што ја освоил својата прва АТП титула во кариерата. Интересно е тоа што, двајцата финалисти на овој турнир стигнале до жребот преку квалификациите. Ова било само трето финале во историјата на АТП во кое играле двајца квалификанти, по АТП Сиднеј 2015 и АТП Кицбил 2018.

Носители Првите четворица носители биле слободни во првото коло и директно се пласирале во второто.

Франсиско Серундоло Себастијан Баес Томас Мартин Ечевери Себастијан Офнер Даниел Алтмајер Алехандро Табило (се повлекол) Јаник Ханфман Роберто Карбалјес Баена

Жреб

Завршница на турнирот

Горна половина на жребот

Долна половина на жребот

2024 Кордоба