Керасово () — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало на 3 км на југ-југоисток од Лошница, на југозападните падини на планината Мурик. Лежела на истоимената река Керасово, лева притока на Лошничка Река (Порос).
Историја Селото во минатото било македонско. Од него е останата само црквата „Успение на пресв. Богородица“, изградена врз темелите на ранохристијанска базилика. Во околината е откриена и античка градба (можеби храм) и сводеста христијанска гробница, а има и траги од античка и средновековна населба. Откриени се антички и византиски монети. Според месното предание седиштето на Шишанската митрополија се наоѓало во средновековната населба Керасово сè до IX век, кога е преместено во Шишани, каде останало до 1699 г.
Наводи
Категорија:Историски села во Рупишта