Марина Стојанова е (родена 1962 година во Велес, Македонија) македонски писател. Пишува поезија и проза.

Биографија

Марина Стојанова родена како Манчевска, е родена на 02. февруари 1962 год. во Велес, Македонија. Основно и средно економско училиште (економски техничар) ги завршува во родниот град Велес.

Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес. Со поетско творештво се занимава од првите школски години. Во 2002 год. во емисијата Семејна Палета на МРТ е гостин во рубриката Наш Конкурс со песната Патник и е добитник на втора награда. Како поет учествува и на многу поетски манифестации во градот и поетски манифестации во Македонија. Свои песни има објавено и во „Списание Велес“ кое излегува еднаш годишно.

Библиографија Автор е на следниве книгиː

„Кога Зборува Душата“ во 2004 год

„ Сребрена Месечина“ 2006 год.

„Ѕвезден Сон“ песнички за деца2007 год.

„Ти Во Нашата Мисла“ , 2012 год.

„Факел Вечно Што Ќе Свети“ 2022 год.

„Шарко и Жарка басни и бајки за деца“ 2014 год.

„Ѕвезден Сон“ , 2015 год.

„Поглед “ 2018 год.

„Новата Година Радост Носи“ 2018 год. ,

„На Двобој Со Судбината“ 2020 год. роман,

„Љубов “ 2022 год.

Марина исто така со свои песни поезија учевствува и во збирки со група автори како што се: Замрзнати Поеми 2020 год., „ Скопјанката Света Мајка Тереза“ , „Шепотот на љубовта“„ Светска Енциклопедија на поети и писатели во 2021“ год.

Наводи

Надворешни врски