Џон Ројс Матис (англиски: John Royce Mathis; роден на 30 септември 1935) ― американски пејач на забавна музика. Кариерата ја започнал во 1956 година и станал многу популарен изведувач во САД. Неколку десетици негови албуми биле продадени во златен или платинест тираж, а 73 албуми се пласирале на Билбордовите топ-листи. Матис добил Греми награда за животно дело, а три негови песни се примени во Гремиевата куќа на славата.
Матис, со продадени 360 милиони плочи ширум светот, се наоѓа на трето место меѓу музичарите кои продале најмногу плочи во 20 век. Иако често се смета за пејач на романси, неговите песни содржат елементи на: традиционална поп, латиноамериканска, соул, ритам и блуз, блуз и кантри-музика, а има и неколку диско-песни на неговиот албум Mathis Magic од 1979 година. Матис снимил шест албуми со божиќна музика. Во едно интервју од 1968 година, ги навел Лена Хорн, Нат Кинг Кол и Бинг Крозби меѓу неговите музички влијанија.
Наводи
Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Американски пејачи и пејачки од 21 век Категорија:Американски пејачи и пејачки од 20 век Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1935 година