Битолски Срез или Срез Битола () — административна единица во Кралството Србија (1913-15) и Кралството Југославија (1919-1941).

Организација и население Кралство Србија (1913-1915) мини|250п|Административна поделба на Вардарскиот дел на Македонија, окрузи, срезови и општини (1913-1915). мини|250| Битолскиот срез во рамките на Кралството Србија (1913-1915). После Втората балканска војна, во 1913 година, овие области службено влегле во границите на Кралството Србија. Битолскиот Срез припаѓал на Битолскиот Округ, заедно со Кичевскиот, Крушевскиот, Мариовскиот, Преспанскиот и Прилепскиот Срез. Како седиште на срезот, бил градот Битола. Во 1913 година тој имал 16 општини, со 79 села и 10 манастири. Срезот имал население од 34.192 жители. Општина Битола не била во состав на срезот, туку била во единицата Окружен Град Битола која исто така припаѓала во Битолскиот Округ. +Битолскиот Срез според пописот од 1913 годинаБројИме на општинаБрој на селаКолку часови е оддалечена општината од БитолаЖители1Барешанска62:3018512Брусничка4121793Буковска50:3018924Велушинска53:3031245Драгошка13:306706Ивањевска114:3041277Ѓаватска7439388Логовардска31:3010459Маловишка15162910Магаревска22185111Могилска112:30347512Негочанска11:3055013Нижопољска11:30102814Секиранска83:15201215Струговска115:30297416Трновска21:301847

Кралство СХС (1919-1929) Во 1921 година, срезот имал 13 општини. Тогаш срезот повторно припаѓал во Битолскиот Округ, и во покраината Јужна Србија. Општина Битола повторно не била во состав на срезот. Срезот во 1921 година, имал 27.000 жители. Тоа е намалување од 7.192 жители (во однос на пописот 1913 година), како последица од Првата светска војна.

Јазик Во градот Битола, 56% од населението говорело српски или хрватски, додека 21% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во битолската околина 80% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот (13%). +Застапеност на јазици во 1921 годинаЈазикБитолска околинаГрад БитолаВкупно%Српски или хрватски21606159583756467.78Турски10706025709512.80Арнаутски3619180154209.77Цинцарски696114918453.32Други9348734966.33

Религија Во градот Битола 62% од населението било православно, 28% биле муслимани, додека 9% биле евреи. Од другата страна пак, во битолската околина 83% биле православни и 18% биле муслимани.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf +Религија 1921 годинаРелигијаБитолска околинаГрад БитолаВкупно%Православни22275175773985271.90Муслимани472579281265322.83Евреи0264026404.76Други02752750.51

Кралство Југославија Со смената на името на државата во Кралство Југославија на 3 октомври 1929 година, дошло и до нови административни промени. Битолскиот Округ бил укинат, била воведена Вардарската Бановина, и Општина Битола била вклучена во срезот. Во 1931 година, Битолскиот Срез имал 14 општини и еден град. Вкупното население било 65.164 жители. Како православни се изјасниле 76% од жителите, додека како муслимани 17%. Бројките се од 1931 година, но се распределени според новата административна поделба што била затекната во 1937 година. Во 1931 година, постоела Општина Драгош, општина која веќе не постоела за време на објавувањето на изворот.

71% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки, 8% говореле на арнаутски и 20% на други јазици (турски и ладино).

Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915)

Наводи

Категорија:Срезови во Кралството Југославија Категорија:Држави и територии настанати во 1918 година Категорија:Држави и територии настанати во 1913 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1915 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1941 година Категорија:Битолски Округ Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Историја на Битола