Горно Сливени — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во денешниот атар на селото Д’мбени.

Историја Во XV век Горно Сливени е спомнато со 10 глави на семејства и еден ерген: Леко, Михо, Јорг, Спасе, Стајо, Лекос, Томчо, Добро, Маврангел, Филип и свештеникот Андон. Плаќале вкупно 670 акчиња данок.Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 121

Горно Сливени било мало село напуштено во немирното време на крајот од XVIII век при судирот на Али-паша Јанински и други албански феудалци со централната власт. Во ова време во селото надошле Албанци, завладеале со него и ги протерале македонските жители. Дел од жителите го основале селото Д’мбени, каде голем дел од нив пребегнале, заедно со жителите на селата Берик, Сајново, Баница и Света Петка за да можат заедно подобро да се одбранат.

Наводи

Категорија:Историски села во Костур Категорија:Д’мбени