АТП Ротердам 2024 – поединечно - бил тениски турнир во поединечна конкуренција од АТП серијата 500 кој се одиграл во Ротердам, Холандија, како дел од тениската сезона 2024.
Турнирот се одиграл од 12 до 18 февруари 2024.
Во финалето на ова издание, Јаник Синер го победил Алекс де Минор со 7–5, 6–4, со што ја освоил својата прва титула во Ротердам и вкупно 12-та АТП титула во кариерата. За него, исто така, ова била втора титула во 2024 година, по освојувањето на Отвореното тениско првенство на Австралија, со што ја продолжил својата непобедливост во годината со учинок од 12-0.
Носители Јаник Синер (победник) Андреј Рубљов Холгер Руне Хуберт Хуркач Алекс де Минор Григор Димитров Иго Умбер Александер Бублик
Жреб
Завршница на турнирот
Горна половина на жребот
Долна половина на жребот
2024 Ротердам