Телевизија „Канал 5“ — национална телевизија основана во 1998 година во Скопје и е една од водечките помлади телевизиски куќи во Македонија. Таа е телевизија од претежно забавен општ формат. Во 2010 година, во рамките на Канал 5 Телевизија била оформена и нова Канал 5+ телевизија.Совет за радиодифузија
Телевизијата располага со две комплетно опремени студија, најсовремена телевизиска дигитална техника, аналогни и дигитални студиски камери, најнови дигитални камери, современи компјутерски и кат монтажни едници.
мини|лево|Седиштето на Канал 5 Со сето ова се произведуваат емисии од најразличен карактер. Јавувањата во живо од местото на настаните се овозможува со вклучување на врска преку репортажните возила кои се опремени со комплетна опрема. Програмската шема на телевизијата преку емисиите од своја продукција пред сѐ, ги задоволува потребите на гледачите.
Се емитуваат: дневно информативни, политички емисии, вести, контактно забавни, детски емисии, спортски натпревари, актуелни филмови и серии и нагласени документарни емисии.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Телевизии во Скопје Категорија:Појавено во 1998 година во Македонија Категорија:Македонски медиуми Категорија:Телевизиски канали во Македонија