Flavr Savr (исто така познат како CGN-89564-2; изговорено „флејвр сејвр“; во превод зачувувач на вкус),― генетски изменет домат, првата комерцијално одгледувана генетски изменета храна на која и била одобрена лиценца за човечка исхрана. Таа беше развиена од калифорниското претпријатие Calgene (денешно Monsanto) во 1980-тите. Доматот има подобрен рок на траење, зголемена отпорност на габи и малку зголемена вискозност во споредба со неговиот неизменет роднина. Требало да биде берен зрел за зголемен вкус за превоз на долги растојанија. Flavr Savr содржи два гени додадени од Calgene; обратен антисмислен полигалактуроназен ген кој го инхибира производството на гнил ензим и ген одговорен за создавањето на APH(3')II, кој дава отпорност на одредени аминогликозидни антибиотици вклучувајќи канамицин и неомицин. На 18 мај 1994 година, Службата за храна и лекови на Соединетите Држави ја завршила својата евалуација на доматот Flavr Savr и употребата на APH(3')II, заклучувајќи дека доматот „е безбеден како доматите одгледувани со конвенционални средства“ и „дека употребата на аминогликозид 3'-фосфотрансфераза II е безбеден за употреба како помагало за обработка во развојот на нови сорти домати, масло од репка и памук наменети за употреба во храна. Првпат бил продаден во 1994 година и бил достапен само неколку години пред да престане производството во 1997 година.Weasel, Lisa H. 2009. Food Fray. Amacom Publishing Calgene влегле во историјата, но зголемените трошоци го спречиле претпријатието да добие заработка,The case of the FLAVR SAVR tomato July 1, 2000. G. Bruening & J.M. Lyons, California Agriculture 54(4):6-7 и на крајот била купена од Monsanto.

Особини Доматите имаат краток рок на траење во кој остануваат цврсти и зрели. Овој животен век може да биде пократок од времето потребно за да стигнат до пазарот кога се испраќани од зимските области на одгледување до пазарите на север, а постапката на омекнување може да доведе до оштетување на поголем дел од плодот за време на превозот. Ако се берени додека се зрели, доматите може да се расипат пред да стигнат до далечните потрошувачи поради нивниот краток животен век. За да биде решено ова, доматите наменети за испорака често се берени додека се незрели или „зелени“, а потоа се поттикнувани да созреат непосредно пред испораката преку употреба на етилен гас кој делува како растителен хормон. Негативната страна на овој пристап е тоа што доматот не ја завршува својата природна постапка на растење, а како резултат на тоа страда конечниот вкус.

Преку генетското инженерство, Calgene се надевале дека ќе ја забави постапката на зреење на доматот и на тој начин ќе го спречи прераното омекнување, а сепак ќе му дозволи на доматот да ја задржи својата природна боја и вкус. Ова ќе му овозможи целосно да созрее на стеблото и сепак да биде испраќано на долги растојанија без да омекне.Weasel, Lisa H. 2009. Food Fray. Amacom Publishing Научниците од Calgene го користеле изменетиот бактериски паразит Agrobacterium tumefaciens за да го пренесат генетскиот материјал во растителните клетки на Flavr Savr. Бактеријата обично ги „заразува“ растенијата со туѓи гени како дел од нејзиниот животен циклус. Штетниот, паразитски генетски материјал бил отстранет од бактерискиот Т-плазмид и бил заменет со пожелните гени.

Flavr Savr бил поотпорен на гниење со додавање на антисмислен ген кој го попречува производството на ензимот бета полигалактурназа. Ензимот вообичаено придонесува за расипување со деградирање на пектинот во клеточните ѕидови и резултира со омекнување на плодовите што ги прави поподложни на оштетување од габични инфекции.

Излегло дека Flavr Savr ги разочарал истражувачите во тој поглед, бидејќи антисмислениот полигалактурназен ген имал позитивно влијание на рокот на траење, но не и на цврстината на плодот. Flavr Savr бил премногу мек за да може веродостојно да биде берен машински и да биде пренесуван кога бил собиран додека е зрел, така што доматите сепак морале да бидат собирани како и секој друг неизменет домат зрел од стеблото.Martineau, Belinda. 2001. First Fruit: The Creation of the Flavr Savr Tomato and the Birth of Biotech Food. McGraw-Hill. Подобрениот вкус, подоцна постигнат преку традиционалното одгледување на Flavr Savr и сортите со подобар вкус, ќе придонесе за продажба на Flavr Savr по висока цена во продавниците.

Flavr Savr, исто така, содржи ген отпорен на канамицин. Овој ген им дал отпорност на бактериските клетки и хлоропластите на повеќе антибиотици, вклучително и канамицин. Генот отпорен на канамицин бил користен за време на фазата на создавање на доматот за да им помогне на научниците да ги идентификуваат растенијата со успешно додадени гени. Канамицинот е токсичен за хлоропластите и е смртоносен за некои растенија. Кога истражувачите ги изложиле растенијата од домати на високи нивоа на канамицин, преживеале само растенијата со додадени гени.

Контроверзност Службата за храна и лекови на Соединетите Држави изјавила дека посебното означување за овие изменети домати не е неопходно бидејќи тие ги имаат суштинските особини на неизменетите домати. Поточно, немало докази за здравствени ризици, а нутритивната содржина била непроменета.Weasel, Lisa H. 2009. Food Fray. Amacom Publishing Според постоечката политика во тоа време, генетски изменетите производи требаше да бидат означени само ако има направено значителна промена. Повеќето генетски изменети организми не биле подложени на задолжително етикетирање, што овозможило огромното мнозинство на комерцијално продадената генетски изменета храна да остане неетикетирана.

Доматите Flavr Savr сè уште биле означени како генетски изменети, иако тоа не било услов. Политиката на Службата за храна и лекови за без етикети била критикувана затоа што луѓето верувале дека потрошувачите го заслужуваат правото да знаат што има во нивната храна. Била наведена и загриженост за безбедноста. Илјадници коментари биле испратени до Службата со барање за промена на упатствата за етикетирање. Сепак, Службата сè уште не спровела задолжително означување на храната настаната преку биотехнологијата, се до јануари 2022 година.

Некои не верувале во безбедноста на доматот. Бидејќи некои членови на јавноста бле погрешно информирани за генетската технологија, луѓето се плашеле дека Flavr Savr и другите генетски изменети производи се потенцијално опасни за здравјето на луѓето или за животната средина. Некои готвачи и дистрибутери на храна го бојкотирале Flavr Savr и одбиле да ги продаваат доматите во нивните продавници. Џереми Рифкин, активист за борба против биотехнологијата, рекол дека „Можеби е бениген, но [Flavr Savr] може да испадне токсичен“. Тој ја основал кампањата за чиста храна, која се спротивставила на воведувањето на генетски изменета храна на потрошувачките пазари.

Откуп од страна на Монсанто Поради високите трошоци за истражување и производство и ниската заработка, Calgene била продадена на Monsanto Corporation во 1997 година за повеќе од 200 милиони долари. Monsanto ги стекнал сите производи на Calgene, вклучувајќи го и Flavr Savr. Претпријатието било повеќе заинтересирана за патентите на Calgene за одредени клучни технологии, а Flavr Savr оттогаш е „ставен на полица“ и моментално е надвор од производство.

Неуспехот на Flavr Savr се припишува на неискуството на Calgene во бизнисот со одгледување и испорака на домати.Charles, Dan. 2001. Lords of The Harvest. Perseus Publishing. 144-148.

Доматно пире Во Обединетото Кралство, претпријатието Zeneca произвело врста доматно пире кое користело технологија слична на производот Flavr Savr. Дон Грирсон бил вклучен во истражувањето за производство на генетски изменетиот домат. Поради особините на доматот, тој бил поевтин за производство од конвенционалното доматно пире, што резултирало со тоа што производот е поевтин за 20%. Помеѓу 1996 и 1999 година, 1,8 милиони конзерви, јасно означени како генетски конструирани, биле продавани во големите ланци на супермаркети Sainsbury's и Safeway UK. Во еден момент пирето го надминало обичното доматно пире, но продажбата паднала во есента 1998 година.

Долниот дом на Обединетото Кралство објавила извештај во кој тие изјавиле дека падот на продажбата во овој период е поврзан со промената на сфаќањето на потрошувачите за генетски изменетите култури. Извештајот идентификувал неколку можни фактори, вклучувајќи етикетирање на производи и сваќање по избор, кампањи за лобирање и внимание на медиумите. Било заклучено дека тонот на медиумските извештаи на оваа тема претрпел „фундаментална промена“ како одговор на инцидентот од висок профил во кој д-р Арпад Пустаи, истражувач за Роветовиот истражувачки институт, бил отпуштен откако даде телевизиско тврдење за штетните ефекти врз здравјето кај лабораториски стаорци хранети со исхрана со генетски изменети компири (видете ја Пустаиовата афера). Последователните рецензии и сведочењето од страна на д-р Пустаи ја навеле Избирачката комисијата на наука и технологија да заклучи дека неговото првично тврдење е „противречно од неговите сопствени докази“. Во меѓувреме, обете Sainsbury's и Safeway ветиле дека ниту еден од нивните домашни производи нема да содржи генетски изменети состојки.

Наводи

Надворешни врски

„Домат од епрувета“ Десетминутно видео кое дава преглед на Flavr Savr и неговата контроверзност. „Трансгенскиот домат“ „ Цел: Да биде покажана на општата читателска публика (можеби на читателите на некое популарно научно списание) дека се потребни генетски конструирани култури и се безбедни за конзумирање, дискутирајќи за развојот на успешна генетски инженерска култура, доматот FLAVR SAVR.

Категорија:Монсанто Категорија:Биотехнологија Категорија:Домати Категорија:Биотехнологијата во 1992 година Категорија:Генетско инженерство во Соединетите Држави Категорија:Генетски изменети организми во земјоделството