Маска — назив за мелез добиен со вкрстување на магарица со пастув. Маската е резултат на обратно вкрстување од мулето, кое е производ на магаре и кобила. Маската е различна од мулето и по физиологија и по нарав како последица на геномскиот отпечаток и исто така е поретка.

Опис Маската како и мулето се одликува хибридни особености.Valerie Porter, Lawrence Alderson, Stephen J.G. Hall, D. Phillip Sponenberg (2016). Mason's World Encyclopedia of Livestock Breeds and Breeding (sixth edition). Wallingford: CABI. .

Општо земено, и кај двата хибриди предните делови и главата на животното се слични на оние на таткото, додека задните делови и опашката се повеќе слични на оние на мајката. Маската вообичаено е помала од мулето, со пократки уши и полесна глава, опашката е ресеста како онаа на мајката магарица.

Посебните фенотипови на маската и мулето делумно се припишуваат на геномското втиснување - елемент на епигенетско наследување. Маските и мулињата се разликуваат по наравот и покрај тоа што споделуваат јадрени геноми. Се верува дека и ова може да се припише на дејството на впечатените гени.

Плодност, стерилитет и реткост Според повеќето извештаи, маските се стерилни и не се способни за репродукција. Мажјакот може да се пари, но емисијата не е плодна. Многу немаат сперма во емисијата, други имаат сперма која не е подвижна.

Маската како мотив во уметноста и во популарната култура „Маски“ — збирка раскази на словенечкиот писател Тоне Селишкар.Тоне Селишкар, Маски. Култура, Скопје, 1975.

Поврзано Муле Коњ Магаре

Наводи

Категорија:Добиток Категорија:Домашни животни