Фелисити Кендал Хафман (англиски: Felicity Kendall Huffman; родена на 9 декември 1962) е американска глумица, позната по нејзината улога како Линет Скаво во серијата „Очајни домаќинки“. Оваа улога и донесе Еми награда. Добила одлични критики за нејзината улога во независниот филм Трансамерика (Transamerica), за којашто доби и Златен глобус. Хафман освоила осум значајни награди, и била номинирана десет пати, вклучувајќи ја и номинацијата за Оскар.
Животопис
Младост Фелисити Хафман, родена во Бедфорд, Њујорк е ќерка на Грејс Вејл, глумица, и Мур Питерс Хафман, банкар. Нејзините родители се развеле една година по нејзиното раѓање, а таа одраснала со нејзината мајка. Таа има шест сестри и еден брат. Се запишала на академијата Interlochen Arts во Мичиген. После завршувањето на средното образование заминала на универзитетот Њујорк (New York University), каде што дипломирала во 1988.
Личен живот Фелисити е мажена за глумецот Вилијам Х. Мејси (англиски: William H. Macy), со кого има две ќерки Софија Грејс (родена на 1 Август, 2000) и Џорџија Грејс (родена на 14 Март, 2002). Тие се венчале на 6 Септември, 1997. Заедно со својот сопруг се појавила во многу филмови, како и во телевизиски и сценски настапи, како што се ТВ шоуто „Спортска вечер“ и филмот Магнолија (Magnolia).
Во 2005, Хафман откри дека во тинејџерските години боледувала од анорексија и булимија. Меѓутоа, со терапија ги победила овие болести. Таа сѐ уште е позната по нејзината смисла за хумор, прави шеги на сопствена сметка, и за себе верува дека „не е убава“. Голема обожавателка е на Тина Тарнер, нејзиниот сон бил да стане пејачка, и кога гостувала во Шоуто на Опра Винфри, Опра ја изненадила кога на сцената ја повикала Тина Тарнер и и овозможила да запее со својата омилена пејачка.
Кариера Фелисити Хафман е позната по нејзините улоги во „Очајни домаќинки“ и „Трансамерика“ (Transamerica). На телевизиските екрани таа се појавила во емисијата „Спортска вечер“, а била и гостувачка ѕвезда во сериите „Фрејзер“, „Западно крило“ (The West Wing), и „Студио 60“. Се појавила и во филмовите како што се „Одгедувајќи ја Хелен“ (Raising Helen) и „Божиќ со Кренксови“ (Christmas with the Kranks).
Фелисити освои Еми награда за нејзината работа во „Очајни домаќинки“ за „Најдобра глумица во комични серии“, и две 2005 Screen Actors Guild Awards награди. Нејзината улога во филмот „Трансамерика“ (Transamerica) беше позитивно оценета од критичарите, обезбедувајќи и Златен глобус за „Најдобра глумица во драма“, како и номинации за Screen Actors Guild Awards за „Најдобра главна глумица“, и за Оскар за „Најдобра главна глумица“.
Фелисити е исто така и соавтор на книгата „Практичен прирачник за момчето“ (A Practical Handbook for the Boyfriend).
Филмографија
1988: „Работите се менуваат“ (Things Change) 1990: Reversal of Fortune како Мини 1991: „Златни години“ (Golden Years) како Тери Спан 1993: The X-Files - "Ice" како д-р Ненси да Силва 1995: „Хакери“ (Hackers) како адвокатка 1997: „Шпанскиот затвореник“ (The Spanish Prisoner) како Пет МекКјун 1998-2000: „Спортска вечер“ (Sports Nights) (TV) како Дејна Вајтекер 1999: „Магнолија“ (Magnolia) како Синтија 2003: „Опседунивање на куќата“ (House Hunting) како Шеила 2004-денес:Очајни домаќинки (TV) како Линет Скаво 2004: „Одгледувајќи ја Хелен“ (Raising Helen) како Линдзи Дејвис 2004: „Божиќ со Кренксови“ (Christmas with the Kranks) како Мери 2005: „Трансамерика“ (Transamerica) акако Сабрина 'Бри' Озборн 2007: Georgia Rule како Лили 2008: „Фиби во Земјата на чудата“ (Phoebe in Wonderland) 2008: „Жената на политичарот“ (The Politician's Wife) (во продукција)
Награди Оскар 2006: номинирана за „Најдобра глумица во главна улога“ -- ТрансамерикаЗлатен глобус 2000: номинирана за „Најдобра глумица во телевизиски серии“ -- „Спортска вечер“ (Sports Night) 2005: номинирана за „Најдобра глумица во телевизиски серии“ -- Очајни домаќинки 2006: номинирана за „Најдобра глумица во телевизиски серии“ -- Очајни домаќинки 2006: освоила, за „Најдобра глумица во филм (драма)“ -- Трансамерика 2007: номинирана за „Најдобра глумица во телевизиски серии“ -- Очајни домаќинкиЕми 2007: номинирана за „Најдобра глумица во комични серии“ -- Очајни домаќинки 2005: освоила, за „Најдобра глумица во комични серии“ -- Очајни домаќинкиScreen Actors Guild Awards 2000: номинирана за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Спортска вечер 2005: освоила, за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки 2006: номинирана за „Најдобра глумица во главна улога“ -- Трансамерика 2006: освоила, за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки 2006: освоила, за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки 2007: номинирана за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки 2007: номинирана за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки''
Надворешни врски
Felicity Huffman Online Фелисити Хафман на Tv.com
Категорија:Американски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1962 година Категорија:Добитници на Златен глобус