Кочо Христов Цонков, познат и како Цонката, Чонков, Чонка, Дедо Кочо Цонката, Зеленички или Флоринали — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис лево|мини|Алексо Џорлев и Кочо Цонката Цонков е роден во селото Зелениче, Леринско во 1866 година, тогаш во Османлиското Царство. Долго време водел чета и дејствувал во својот роден крај. Во 1901 г. тој бил уапсен по Солунската афера и на 14 март е осуден на смрт, но казната му била заменета со затвор и бил испратен во прогонство. Бил амнестиран во почетокот на 1903 г. и за време на Илинденското востание, Цонков бил централен војвода во Леринско. Во регионот востануваат 250 лица од селата Трсје, Арменско, Горно Неволјани, Неред, Лаген и Крапешино.Спомени на Георги Попхристов По крајот на востанието тој избегал во Бугарија. Четата на Кочо Цонков, 5 февруари 1905 г.БројИмеСелоОколијаБелешка1.Кочо Хр. ЛеринскиЗеленичеЛеринска2.Михаил Д. РударчевЗлетовоКратовска3.Стојан Д. КацарскиЌустендилЌустендилска4.Иван АтанасовСмрдешКостурска5.Михаил ПетковПирдопПирдопска6.Андон АндреевВрбникКостурска7.Крсто НешковКрушевоБитолска8.Крсто ЈанковТетовоТетовска9.Иван МихајловРесенРесенска10.Христо МарковБитолаБитолска11.Крсто ДимитровСуровичевоЛеринска12.Илија ВелевДебарДебарска13.Крсто ЖоговТрновоБитолска14.Стојан МладеновСтаро НагоричанеКумановска15.Стефан х. ИвановКарловоКарловска„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.28 Се враќа со четата во Леринско на местото на Никола Мокренски во пролетта на 1905 г. и води битки против грчката вооружена пропаганда. Цонков е убиен во колиба над селото Трсје во декември 1906 година.Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 268.

Наводи

Категорија:Починати во 1906 година Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија