Лазар Димитров Бицанов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Животопис лево|мини|Лазар Бицанов и Христо Иванов - Мајсторчето Бицанов е роден во селото Зелениче, Леринско, тогаш во Османлиското Царство. Влегува во редовите на ВМОРО по што во 1899 г. станува претседател на револуционерниот комитет во родното Зелениче заедно со Стојането. Влегува во група за доставки на оружје заедно со Пандил Шишков, Дине Абдураманов и Стефан НастевСпомени на Георги Попхристов, а покасно и во околискиот револуционерен комитет во Лерин. Во 1905 г. е осуден на 15 години затвор. Амнестиран е по Младотурската револуција во 1908 година.
Учествувал во Првата светска војна. На 25 декември 1916 г. бил запишан за подофицер во Партизанската чета на Никола Лефтеров.Лефтеров, Живко. Съ Бога напред... за Македония. Капитан Никола Лефтеров в борбите на българите за национално обединение. София, МНИ, 2021. с. 237.
Бицанов го основал на Леринско благотворително братство во август 1919 г. Учествувал како делегат од Леринското добротворно братство на обединувачкиот конгрес на Сојузот на македонските емигрантски организации во јануари 1923 година.НБКМ-БИА C VIII 38
Тој бил деец на Илинденската организација и во 1927 г. бил избран како нејзин раководител.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание