Ени Маала или Јени Махала (, Микрохори; до 1926 г. Γενή Μαχαλά, Јени Махала) — поранешно село во Мегленско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Меглен на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Денес е маало на селото Биџова Маала.

Географија Селото се наоѓало во котлината Меглен, на 5 км западно од С’ботско. Административно денес е дел од селото Биџова Маала.

Историја Во Отоманското Царство Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ени Махале живееле 200 Турци. Боривое Милоевиќ („Јужна Македнија“) вели дека Јени-махала пред Балканските војни имало 35 турски куќи.

Егзархиската статистика за Воденската Каза од 1912 г. го спомнува селото со 130 жители.

Во грција Селото било окупирано од грчка војска и по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Ени Маала не се води како посебна населба, но на пописот од 1920 г. во него се заведени 103 жители.

Во 1924 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени Грци од Турција. Во 1926 г. е преименувано во Микрохори (в опревод мало село). На пописот од 1928 г. селото се води како наполно дојденско со 19 семејства сочинети од 66 лица.

Некаде во 1970-тите селото престанало да постои како одделно, спојувајќи се со Биџова Маала.

На земјиштето на денешното маало се произведуват пиперки, десертно грозје, грав и јаболка.

Население

Наводи

Категорија:Историски села во Меглен