Карадере Пазарско или Карадере Ениџевардарско (, Мавролакос Јеницон; до 1925 г. Καρά Δερέ Γενιτσών, Кара дере Јеницон) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во јужниот дел на котлината Меглен, источно од Драгоманци и јужно од Слатина и Рудино. Лежело на десниот брег на реката Мегленица, спроти истоименото Карадере Воденско сместено на левиот.
Историја Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Кара Дере живееле 80 Македонци-христијани и 165 Македонци муслимани. Според Тодор Симовски податоците се за двете села под името Карадере на двата брега на Мегленица.
Егзархиската статистика за Воденската Каза од 1912 г. ги води двете села како македонски муслимански, што според Симовски е погрешно, и според него населението било сочиенето од Турци Јуруци. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Пазарска Карадере имало 30 турски куќи.
Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 184 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 139 лица.
Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и целото село останало напуштенјо. Во 1925 г. селото е преименувано во Мавролакос.
Поврзано Меглен
Наводи
Категорија:Историски села во Меглен