Баракли (, Авги; до 1969 г. Μπαρακλή, Баракли) — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало на околу 13 км северно од Бојмица, јужно од Алчак и северно од Карасинанци.

Историја Во Отоманското Царство Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Баракли било село во Мајадашката нахија на Гевгелиската Каза со 200 жители Турци.

Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. согласно Букурешкиот договор селото влегло во состав на Грција.

Во 1969 г. месноста на поранешното село е преименувана во Авги.

Наводи

Категорија:Историски села во Пајонија (општина)