Пантопразолот е инхибитор на протонската пумпа кој се користи во третманот на гастричен улцер, краткотраен третман на ерозивен езофагитис поради гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ), одржување на заздравувањето на ерозивен езофагитис, и патолошки хиперсекреторни состојби, како Золингер–Елисонов синдром. Може да се користи во комбинација со други лекови во елиминација на Helicobacter pylori. Ефикасноста е слична со другите инхибитори на протонската пумпа (ИПП). Се зема преку уста или како интравенска инјекција.
Вообичаените несакани ефекти вклучуваат главоболка, дијареа, повраќање, абдоминална болка, и болка во зглобовите. Посериозните несакани ефекти може да вклучуваат тешки алергиски реакции, тип на хронично воспаление познато како атрофичен гастритис, Clostridium difficile колитис, хипомагнеземија, и дефициенција на витамин B12. Се смета дека употребата во текот на бременоста е безбедна. Пантопразолот е инхибитор на протонската пумпа кој ја намалува секрецијата на желудочна киселина. Дејствува преку инактивација на (H+/K+)-ATPаза.
Студиите на пантопразолот започнале во 1985, а станал достапен за медицинска употреба во Германија во 1994. Достапен е како генерички лек. Во 2025, е втор најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 1,4 милиони рецепти.
Наводи
Категорија:Инхибитори на протонската пумпа Категорија:Фенолни етри