Росувастатин е лек од групата на статини кој се користи во превенција на кардиоваскуларни заболувања кај оние со висок ризик и зголемено ниво на липиди. Се препорачува во комбинација со промени во исхраната, вежбање и намалување на телесната тежина. Се зема преку уста.
Вообичаени несакани ефекти вклучуваат абдоминална болка, гадење, главоболка и мускулна болка. Сериозни несакани ефекти вклучуваат рабдомиолиза, оштетување на црниот дроб и дијабетес. Употребата за време на бременоста може да влијае штетно врз плодот. Како и сите статини, росувастатинот дејствува преку инхибиција на HMG-CoA редуктаза, ензим во црниот дроб кој игра клучна улога во синтезата на холестеролот.
Росувастатинот бил патентиран во 1991 година, и одобрен за медицинска употреба во САД во 2003. Достапен е како генерички лек. Во 2025, е петти најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 1,3 милиони рецепти.
Наводи
Категорија:Статини Категорија:Карбоксилни киселини