Ливади или Влахоливада (; ) — село во Лариско, Тесалија, во општината Еласона од Ларискиот округ, Грција. Населението брои 2.244 жители (2011), сочинето од Власи.
Географија и местоположба Селото се наоѓа високо во пазувите на планината Шапка, дел од поголемиот венец Камбуница, на надморска височина од 1.160 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Егејска Македонија, јужно од селото Фтери и југозападно од Свети Димитрија, обете во Катеринско.
Атарот зафаќа простор од 140,9 км2.
Историја Во отомански пописен дефтер од 1521 година, селото се споменува како Ливади. Денешното село било основано во XVII век од влашки сточари.
Во XIX век Ливада бил влашки град во Еласонската каза на Серфиџенскиот Санџак. Жителите на селото земале активно учество во поддршката на грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908).ΤΟ ΛΙΒΑΔΙ ΣΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ливадија се води како чисто влашко гратче во Еласонската каза на Серфиџенскиот санџак со 543 куќи.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.723 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 2.383.
Стопанство Населението традиционално се занмиава со сточарството.
Самоуправа и политика Општината Ливади била приклучена во 2011 година и станала дел од поголемата општина Еласона.
Селото припаѓа на општинската единица Ливади со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Еласона, во округот Лариса. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ливади, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости мини|Камбанаријата на манастирот „Св. Троица“ Цркви
Црква „Св. Атанасиј“ Црква „Св. Бессребреници“ — изградена во 1760 г., прогласена за споменик на културата Црква „Св. Константин и Елена“ Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — обновена во 1886 г., прогласена за споменик на културата
Манастири
Манастир „Св. Троица“ — подигнат во XVIII век, прогласен за споменик на културата
Личности Родени во Ливади
Агатангел Папагригориадис (1805 - 1887) — духовник, воденски и струмички митрополит на Цариградската патријаршија Георгакис Олимпиос (1772 - 1821) — учесник во Грчката војна за независност Димитриос Занас (1850 - 1915) — лекар, политичар и деец на вооружената пропаганда Димитриос Кивернидис (? - 1898) — лекар Дионисиј II Серфиџанско-кожански (? - 1815) — епископ на Серфиџанско-кожанска епархија
Наводи
Надворешни врски
Официјанлна страница на општина Еласона
Категорија:Населени места во Лариса (округ) Категорија:Еласона