Зулица — историско село во Прилепско, денес во крајниот јужен атар на селото Лопатица, Општина Битола.
Географија Селото се наоѓало северозападно од Битола, на десниот брег на Шемница. Лежело меѓу Лопатица на север и Габалавци на југозапад.
Историја Селото се среќава во османлиските дефтери како Зулуса со 60 домаќинства.
На австроунгарската воена карта е означено како Зулица (Zulica).
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) ја завел Зулица како село со 3 куќи во кои живееле 6 македонски семејства со 31 лице (17 машки и 14 женски).
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зулица живееле 254 Македонци христијани и 200 Арнаути муслимани.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жулица е претставена како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскииот санџак со 4 куќи.
На почетокот на XX век целото село било под е врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зулинца (Zoulintza) имало 16 Македонци, сите под егзархијата.
По отпишувањето на Зулица, нејзиниот атар влегол во атарот на Лопатица.
Наводи
† † Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Лопатица (Битолско)