Трите Ана (, Строфи; порано Τρία Χάνια, Трија Ханија; , Уч Ханлар) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија. Лежело на 2 км северозападно од Додулари, од северната страна на денешната магистрала „Егнатија“, близу местото каде патот ја пресекува реката Галик.
Историја Во Отоманското Царство Трите Ана прво било самостојно село, а потоа станало чифлик. Ановите продолжиле да работат. Жителите се занимавале со опслужување на патниците како самарџии, потковувачи, готвачи. На крајот од XIX век Трите Ана било мало македонско село во Солунската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Притле Хана (Pritlé-Hana) е село со 10 домаќинства сочинети од 50 жители Македонци.
Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трикала имало 215 жители Македонци. Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трите хана (Trité-hana) имало 40 Македонци, сите под егзархијата.
Селото било подложено на напади од андартските чети на Гоно Јотов и Апостолис Матопулос.
Во 1905 г. Триете Ана е речиси напуштено. Во него се попишани 9 жители, кои веројатно стопанисувале со последата куќа на тоа подрачје, закупена од еврејскиот претприемач Саул Модијано.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот од истата 1913 г. во селото се заведени 50 жители, а исто толку биле избројани и во 1920 г. Малку подоцна Трите Ана се распандало неговите жители се преселиле во соседното Ново Село.
Наводи
Категорија:Историски села во Даутбал