Амбелокипи () — населба северозападниот дел на Солун, Егејска Македонија и седиште на општината Амбелокипи-Менемени. Населението брои 35.846 жители (2021).
Историја Населбата е основана во 1922 г. кога тука биле доведени 102 грчки семејства, и тоа 43 од Мала Азија, 32 од Источна Тракија, 20 од Источна Румелија (Бугарија) и 7 од Понд. Во 1928 г. населението пораснало на 216 семејства со вкупно 860 жители, а според други извори на 634 жители.
Во центарот на населбата во 1926 г. е подигната црквата „Св. Ефимија“, но потоа на истото место (почнувајќи од 1931 г.) е изградена црквата „Живоносен Извор“ во која се чува византиската икона на Богородица Патеводителка донесена од доселениците како реликвија.Παναγίες της Μικράς Ασίας και της Θράκης - Ένωση Μικρασιατών Φοιτητών
На почетокот на 1934 г. кон Амбелокипи се присоединети помалите доселенички населби Епталофос, Каистри, Педи и Маргарити кои дотогаш се воделе како одделни. Поради близината до Солун, населбата продолжила да расте. Во 1954 г. Амбелокипи добил статус на градска населба.
Знаменитости Цркви „Живоносен Извор“ „Св. Пантелејмон“ „Воскресение Христово“
Друго Зејтинлик — големи воени гробишта на Антантата од Првата светска војна
Население
Наводи
Надворешни врски
Историја на Амбелокипи
Категорија:Амбелокипи-Менемени