Аторвастатин — лек од групата на статини кој се користи во превенција на кардиоваскуларни болести кај лица со висок ризик и во третманот на зголемено ниво на липиди. За превенција на кардиоваскуларни болести статините се лекови од прв избор. Се зема преку уста.
Вообичаени несакани ефекти се болка во зглобовите, дијареа, жиговина, гадење и мускулна болка. Сериозни нескани ефекти може да вклучуваат рабдомиолиза, оштетување на црниот дроб и дијабетес. Употребата за време на бременоста може да влијае штетно врз плодот. Како и сите статини, аторвастатинот дејствува преку инхибиција на HMG-CoA редуктаза, ензим во црниот дроб кој игра клучна улога во синтезата на холестеролот.
Аторвастатинот бил патентиран во 1986, и бил одобрен за медицинска употреба во САД во 1996. Се наоѓа на Списокот на есенцијални лекови на СЗО. Достапен е како генерички лек. Во 2025, е седми најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 918.000 рецепти.
Наводи
Категорија:Статини