мини|Алуминиумска табакера мини|Табакера обложена со црна кожа чија внатрешност е полна со цигари. мини| Табакера испишана со симболи на ционистичко студенстко здружение (Studentenverbindung), во збирката на Еврејскиот музеј на Швајцарија. Табакера — џебна кутија што се користи за сместување на тутун или мал број цигари и спречување на нивно туткање. Типична табакера е рамна кутија (најчесто метална) што се отвора симетрично на две половини. Во секоја половина е сместен ред цигари, кои често се прицврстени со пружина или еластична лента. Некои табакери се едноставно цврсти кутии кои се користат за сместување на стандардни пакувања цигари.

Видови и употреби Во денешно време не сите табакери се метални, некои се и од пластика. Други доаѓаат со дополнителни функции, како што се вградени запалки или пепелници.

Во Соединетите Држави во 1920-тите и 1930-тите, типичните табакери содржеле 50 цигари. Поради оваа причина, тие понекогаш биле нарекувани „flat fifties“."Campus Publicity", January 28, 1935, Time лево|мини| Табакера од змиска кожа дизајнирана од Пјер Легрен, околу 1925 година. Табакерите се модни додатоци во културата на пушењето. Како такви, тие можат да бидат направени од благородни метали, украсени со уметнички гравури, монограми и накит. Петар Карл Фаберже, иако најпознат по своите Фабержеови јајца, исто така направил прекрасни табакери од злато и скапоцени камења за семејството на царот."Smoking Related Collectables" , originally published in the UK monthly magazine What It's Worth?) Некои (на пример, онаа што и припаѓа на Даниела Стил) се вели дека вреди 25.000 долари.Vickie L. Bane, Lorenzo Benet (1995) "The Lives of Danielle Steel: The Unauthorized Biography of America's #1 Best-Selling Author" p. 340

Табакерите се исто така колекционерски предмети.

За време на двете светски војни, табакерите биле популарни кај војниците, а многу ветерани од Првата и Втората светска војна (на пример, Џејмс Духан) рекле дека табакерите им го спасиле животот со запирање на куршумите.

Галерија на табакери од Музејот на тутунот во Прилеп

Поврзано Музеј на тутун

Наводи

Категорија:Модни додатоци Категорија:Садови Категорија:Тутунски додатоци Категорија:Италијански зборови