Маркус Роберт Мунафо, презимето е напишано и Мунафо, (роден на 23 јануари 1972 година) е британски психолог кој е професор по биолошка психологија на Факултетот за експериментална психологија на Универзитетот во Бристол од 2010 година. Тој станал главен уредник на Nicotine & Tobacco Research во 2015 година.

Образование Мунафо магистрирал со почести на Универзитетот во Оксфорд во 1993 година,и се стекнал со титуламагистер. На Универзитетот во Саутемптон по здравствена психологија во 1995 година, се стекнал со титула Доктор на науки во анксиозност и хирургија од Универзитетот во Саутемптон во 1999 година.

Истражување Истражувањето на Мунафо се фокусира, меѓу другото, на здравствените и психолошките ефекти од употребата на тутун и алкохол. Тој, исто така, истражувал научна репродуктивност во поголемиот дел од неговата кариера, почнувајќи кога бил студент и не успеал да ги повтори наодите што ги нашол во литературата. На пример, една студија која тој ја напишал како коавтор со Ендрју Хигинсон покажало дека поттикнувањето на академиците да направат мал број високо цитирани студии, исто така, ги поттикнало да спроведат многу нови, недоволно моќни студии и помалку студии за репликација.

Препознавање Во 2017 година, Мунафо ја добил Претседателската награда за истакнат придонес кон психолошкото знаење, награда која се доделува секоја година од Британското психолошко друштво.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Британски психолози Категорија:Апсолвенти на Оксфордскиот универзитет Категорија:Родени во 1972 година Категорија:Тутун Категорија:Истражувачи за тутун