Лосартан е лек кој се користи во третманот на хипертензија. Спаѓа во групата на ангиотензин рецепторен блокатори (АРБ), и делува протективно на бубрезите. Покрај хипертензија, се користи и кај дијабетична ретинопатија, срцева слабост и левовентрикуларна хипертрофија. Се зема преку уста. Може да се користи сам или во комбинација со други антихипертензивни лекови. Може да бидат потреби до шест недели за постигнување на целосен ефект.
Вообичаени несакани ефекти се мускулни грчеви, затнат нос, вртоглавица, кашлица, хиперкалиемиј и анемија. Сериозни несакани ефекти кои може да ги предизвика се ангиоедем, хипотензија и бубрежни проблеми. Употребата за време на бременоста може да влијае штетно врз плодот. Не се препорачува за време на доењето. Дејствува преку блокирање на рецепторот за ангиотензин II.
Лосартанот бил патентиран во 1986, и одобрен за медицинска употреба во САД во 1995. Се наоѓа на Списокот на есенцијални лекови на СЗО. Достапен е како генерички лек. Во 2025, е осми најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 917.000 рецепти.
Наводи
Категорија:Лекови кои делуваат на кардиоваскуларниот систем Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Првични алкохоли