Ексохи (), претходно Санаторион (Σανατόριον) и Фтисијатрио (Φθισιατρείον)) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.265 жители (2021).

Географија Селото се наоѓа источно од Солун, во западното подножје на планината Хортач. Лежи на 4 км југоисточно од Пејзаново под разгранокот Свети Илија.

Историја По Првата светска војна тука е изградено лекувалиште (санаториум) за болни од туберкулоза, а потоа постепено прераснало во излетничка и туристичка населба. За првпат се споменува во 1928 г. со 442 лица, претежно пациенти и персонал на болницата.

Со исчезнувањето на туберкулозата, Ексохи пораснало во постојано село поради здравите услови, и во 1953 г. го сменило името во Ексохи (во превод излетиште). На пописот од 1961 г. Санаторион се води одделно од Ексохи, но на подоцнежните пописи тие се споени.

Население

Наводи

Категорија:Капуџилар-Хортач