„Ќе има крв“ (англиски: There Will Be Blood) — американски филм (во жанрот вестерн) од 2007 година, во режија на Пол Томас Андерсон. Главните улоги ги играат: Даниел Деј Луис, Пол Дејно и Сиран Хајндс. Филмот, кој е делумно заснован врз романот „Нафта“ на Аптон Синклер, бил номиниран во осум категории за наградата „Оскар“, меѓу кои и за најдобар филм при што освоил две награди: за најдобар глумец (Деј-Луис) и за фотографија (Роберт Елсвит). Исто така, Деј Луси освоил уште неколку награди за својата улога, како: БАФТА, „Златен глобус“, наградата на Здружението на фимлските критичари на Њујорк, наградата на Ирската филмска академија итн.[www.rts.rs/page/tv/ci/story/18/rts-2/5005619/bice-krvi.html РТС, Биће крви (пристапено на 10.11.2022)]

Синопсис Овој еп за едно семејство, за вербата, за моќта и за нафтата се одвива за време на нафтениот бум во Калифорнија, во почетокот на XX век. Тоа е приказна за Даниел Плејнвју (го игра Даниел Деј-Луис), кој од рудар во рудник за сребро и самохран татко, станува нафтен тајкун. Кога Плеинвуд ќе дознае дека постои мало гратче на запад, во кое од земјата излегува цело море нафта, тој го зема синот, Х.Д (го игра Дилон Фрејзер) и си ја бараат среќата во правливиот Литл Бостон. Главната забава во градот ја обезбедува харизматичниот свештеник Ели Сандеј (го игра Пол Дано), но ништо нема да остане исто кога се појавуваат конфилкти, а секоја човечка вредност – љубов, надеж, заедништво, верба, амбиција, па дури и врската помеѓу таткото и синот – ќе бидат размрдани од корупција, измама и трката за што повеќе нафта.

Приказната почнува кога Даниел Плејнвју, случајно пронаоѓа нафтен извор и набргу се збогатува и основа мала рафинерија. По несреќата во која еден негов работник погинува, Плејнвју ја презема грижата за детето на покојниот и почнува да го одгледува како свое, давајќи му име Х.В. Тогаш, Даниел започнува да склучува деловни зделки користејќи го детето како свој рамноправен соработник, а со намера да се прикаже како човек кој е верен на семејните вредности. До 1911 година, тој стануав еден од најуспешните пронаоѓачи на нафта во Калифорнија, а тоа целосно го менува неговиот живот.[www.rts.rs/page/tv/ci/story/18/rts-2/5005619/bice-krvi.html РТС, Биће крви (пристапено на 10.11.2022)]

Наводи

Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Американски филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Калифорнија Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Пол Томас Андерсон Категорија:Филмови со Даниел Деј Луис Категорија:Филмови со Пол Дејно Категорија:Филмови со Сиран Хајндс