Тумбенска гробница I () — древномакедонска гробница од IV век п.н.е. сместена кај селото Тумба, Гуменџиско, Егејска Македонија.
Гробницата заедно со соседната Тумбенска гробница II се наоѓа североисточно од селото Тумба, на патот кој ја поврзува нераспознаената античка населба кај Тумба со древниот град Европ. Откриена е од археолозите откако веќе била ограбена. Претставува македонска гробница од IV век п.н.е., веројатно на член на хетајрите („Кралски другари“) — благородничката коњица која го придружувала кралот. Гробницата е изѕидана од варовник и украсена со гипс. Има една одаја со патека и двор, како и убава фасада со впечатлива двојна врата, коај е реставрирана. Над надвратникот има корниз, а рамката ѝ е извајана, но недовршена. Однадвор вратата била заглавена со големи камења, од кои некои сè уште се на нивното првобитно место. Во гробишната одаја има клине – погребно легло, изработен исто така од варовник, кој бил украсен со гипс.
Во 1986 г. гробницата е прогласена за заштитен споменик.
Поврзано Тумбенска гробница II
Наводи
Категорија:Древномакедонски гробници Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина)