Пурлида или Порлида (, Лимнохори; до 1927 г. Πουρλίδα, Пурлида или Πορλίδα, Порлида; 1927-1955 г. Κογχύλια, Конхилија) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и западно од Долна Џумаја. Лежи на источниот брег на Бутковското Езеро.
Историја Во Отоманското Царство ВО XIX век Пурлида било село во Серската Каза.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 160 жители Македонци христијани.
Во селото работеле бугарската и грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Парлида (Parlida) се состои од 80 жители Македонци под Цариградската патријаршија. Во селото работело бугарско основно училиште.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Жителите на селото, заедно со оние на Мантар и Бурсук им се протиставувале на грчките денационализаторски мерки и одбивале да плаќаат владичина, да се поздравуваат на грчки за Велигден, да признаваат грчки поп и да одат во црква, а децата не ги пуштале во училиште бидејќи во него бил воведен грчкиот јазик. Во 1913 г. селото имало 209 жители, а во 1920 г. тоа се намалило на 178 лица. Во 1924 г. под притисок на властите неколку семејства (39 лица) се иселиле во Бугарија. На нивно место власта довела грчки колонисти. Така, на пописот од 1928 г. Пурлида имала 216 жители, од кои 54 лица (18 семејства) биле грчки дојденци. По 1935 г., откако е извршена мелиорација и регулација на коритото на Струма, селото Бурсук е потопено, и неговите жители се доселиле во Пурлида. Затоа на пописот од 1940 г. Пурлида се зголемила на 525 жители. Бугарска статистика од 1941 г. го води со 390 лица.
За време на бугарската окупација во 1943-1944 г. кмет на селото бил Ангел Мантарлиев од соседното село Мантар.Мантарлиев, Йордан. Бежанският и преселническият въпрос в България по време и след Втората световна война, София, 2016, с. 11.
+ Месности во Пурлида преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Бујук Орман Μπιούκ Όρμάν Мегало Дасос Μεγάλο Δάσοςмесност на Ј од Пурлида Спотијани Σπότιγιαννη Ставлос Σταύλοςмесност на С од Пурлида Парушка Παρούσκα Папаруна Παπαρούναмесност на СИ од Пурлида;
Население
Личности Андон Ангелов Порлиданов — револуционер, деец на ВМОРО и ВМРО, преселен во Петрич во 1923 г. Гого Дереџиев — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.
Наводи
Категорија:Долна Џумаја