Дачија (романски: S.C. Automobile Dacia S.A.) — романско претпријатие за производство на автомобили, Претпријатието, наречено според римската провинција, било основано во 1966 година и три децении било во државна сопственост, сè до 1999 година, кога романската влада го продала на Рено. Во јануари 2021 година, Дачија станала дел од подружницата на Рено, Дачија-Лада, но тоа траело само до мај 2022 година, кога Лада била продадена на руското државно претпријатие НАМИ.
Дачија е најголемото претпријатие во Романија, мерено според приходот, и најголемиот романски извозник, со учество од 8 % во купниот романски извоз во 2018 година. Во 2021 година, вкупната продажба на Дачија изнесувала 537 074 патнички и комерцијални возила.
Галерија
Наводи
Категорија:Претпријатија во Романија Категорија:Економија на Романија