Бахтијар (, Дендрофито; до 1927 г. Μπαχτιάρ, Бахтијар) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Било населено со Македонци.

Географија Селото се наоѓало на североисточниот брег на тогашното Бутковско Езеро, подоцна потопено од водите кога е направено вештачко.

Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бахтијар (Bahtiar) било село во Серската Каза со 70 домаќинства сочинети од 246 жители Македонци.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Бахтияръ Махала брои 380 жители, сите Македонци христијани.

Сите христијани во Бахтијар биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бахтијар (Bahtiar) живееле 480 Македонци патријаршисти. Во селото работело грчко основно училиште со 1 учител и 10 ученици.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Изгледа дека Бахтијар настрадал во војните бидејќи во 1913 г. населението се намалило на само 14 жители. Подоцна еден дел од жителите се вратиле, бидејќи во 1920 г. во него е попишано 121 лице. Во 1924 г. под притисок на грчките власти добар дел од населението се иселило во Бугарија (76 лица). Во 1928 г. Бахтијар имал 47 жители.

Со изградбата на хидроакумулацијата на Бутковското Езеро во 1930-тите селото е поплавено и уништено.

Личности Гого Стојанов — револуционер, деец на Македонскиот комитет, четник на Алексо Поројлијата, загинатт заедно со неговиот војвода на 26 јули 1903 г. на месноста Аџиица меѓу Стиник и Игуменец, Петричко.„Революционната борба в Гевгелийско по спомените на Илия Костадинов Докторов“, Съставител: Кирил Григоров Пърличев, „Македония прес“, София, 2004, стр.154.

Наводи

Категорија:Историски села во Долна Џумаја