Раховец (Ореховец, Раховица или Рахово; , Мармарас, до 1927 Ραχωβίτσα, Раховица) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во Општина Сер на Серскиот Округ, Грција.

Географија Селото се наоѓа на јужните падини на планината Шарлија, на 15 км северно од градот Сер во долината на Бродска Река крај патот Сер — Горно Броди. Над селото се наоѓа турската тврдина Капаклија.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Раховица било село во Серската Каза. Жителите се занимавале претежно со јагленарство и ситно сточарство. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Ореховец (Oréhovets) имало 58 домаќинства на 200 жители Македонци.

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Раховица:

На табелите на Верковиќ Раховица (Ореховец) е обележано како село со 118 македонски куќи.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Орѣхово (Ряхово) (Тахтали Кьой) имало 440 жители Македонци христијани и 30 Власи. Во првото десетилетие на XX век македонското население на Раховица било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Орјаховица (Oriahovitza) имало 960 Македонци егзархисти и 30 Власи, а во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 29 ученици.

Во 1910 г. инспекторот Константин Георгиев забележал дека во Раховица има црква, која е една од најубавите во околијата и училиште со 45 ученици, сите машки (најголем број деца во забавачницата — 29) и учител Г. Попдимитров.Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 140.

Во Грција Кон 1913 г. селото имало 160 македонски куќи и 10 влашки во мало одделно маало. Во Втората балканска војна во 1913 г. селото е разорено и опожарено од грчката војска, а дел од неговите жители се убиени.Иванов, Йордан. "Населението в югоизточна Македония (Сярско, Драмско и Кавалско)". София, 1917, стр.23. Истата 1913 г. населението се намалило на 104 жители. Македонското население избегало во Бугарија, населувајќи се во Мусомишта (околу 100 семејства), Неврокоп, Кричим, Пазарџик, Пловдив. На пописот од 1920 г. во Раховица се заведени само 36 лица.

По војната селото е пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1927 г. селото е преименувано во Мармарас. Во 1928 г. Раховица имала 158 жители, од кои само 1 доселеник. Ова на тоа дека веројатно на местото на Македонците се доселиле влашки сточари.

Селото се распаднало пред Втората светска војна кога неговото население се прибрало во Дутлија. Оттогаш селото не се води на ниеден попис сè до 1991 г., кога е евидентирано со 44 жители.

Население

Личности Андон Качарков (1884 — 1944) — револуционер Иван Филипов (1867 — 1930) — духовник и револуционер на ВМОРО Крсто Захариев (1860 — 1899) — револуционер Крсто Иванов (1887 — ?) — револуционер на ВМОРО, четник на Дончо Лазаров,„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.54 борец во МОО, XIV Воденска дружина

Наводи

Категорија:Сер (општина) Категорија:Шарлија