мини|306x306пкс|Ланселот и Гиневра Ланселот (, ) — според легендата, најпознатиот, првиот од витезите на Тркалезната маса во дворот на кралот Артур. Во книжевноста тој е опишан како еден од најхрабрите, најблагородните, убавите и верните витези, кој му помогнал на Артур да извојува победи во многу битки. Тој е познат по прекарот Ланселот од Езерото бидејќи, според келтската митологија, како дете бил крстен од езерската самовила во волшебните води на езерото.

Сер Ланселот ги отфрла сите убавици бидејќи е вљубен во кралицата, сопругата на кралот Артур, Гиневра. Кога Артур дознава, сака да ја осуди кралицата на смрт, но Ланселот ја спасува, убивајќи ги браќата на Гавејн — Агравејн, Гарет Бомејн, Гахерис и уште 37 витези. По смртта на Артур, Гиневра станала калуѓерка, а Ланселот станал пустиник.

Наводи

Надворешни врски

Lancelot digital exposition An English translation of the Prose Lancelot Ланселот

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Измислени ликови Категорија:Свет Грал Категорија:Митологија Категорија:Витези