мини|Тамара (лево) и Јуда (десно). Масло на платно, од Орас Верне. 1840 г. По смртта на Онан, Тамара го подмамува Јуда да има полов однос со неа за да забремени. Онан (, ) — личност опишана во Библијата, вториот син на Јуда (предокот на племето Јуда) и внук на патријархот Јаков, кој бил казнет од Бога со смрт поради избегнување на обврските од левитскиот брак, односно обврската да се ожени со вдовицата на својот починат постар брат. По смртта на најстариот син на Јуда, Онан, според левитската традиција, бил должен да се ожени со вдовицата Тамара, за да може таа да роди наследник што ќе се смета за првороден од најстариот син. Кога Онан имал однос со жената на својот брат, го истурил своето семе на земја за да избегне зачнување (Бит. 38:9). Поради тоа ја добил Божјата казна — смрт.

Според неговото име се создал изразот „онанија“, кој погрешно се поврзува со појавата на мастурбација, иако, според сведоштвото на Стариот завет, Онан всушност практикувал предвремено прекинување на половиот однос.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Библиски личности Категорија:Битие (библиска книга) Категорија:Личности од книгата Битие