„Забава“ (англиски: The Party) — филм на режисерката Сали Потер (Sally Potter) од 2017 година. Потер е авторка и на сценариото, а главните улоги ги играат: Патриша Кларксон (Patricia Clarkson), Бруно Ганц (Bruno Ganz), Чери Џоунс (Cherry Jones), Емили Мортимер (Emily Mortimer), Силијан Марфи (Cillian Murphy), Кристин Скот Томас (Kristin Scott Thomas) и Тимоти Спол (Timothy Spall). На Берлинскиот филмски фестивал, филмот ја освоил наградата на Здружението на германските кинематографи, а покрај тоа бил номиниран и за наградата „Златна мечка“. Исто така, филмот ја освоил и Наградата на британскиот независен филм во категоријата најдобра споредна глумица (Кларксон).Domjenak, britanski film (пристапено на 26.3.2024)

Синопсис Џенет е штотуку именувана за министерка во „владата во сенка“ и тоа претставува круна на нејзината политичка кариера. Таа и нејзиниот сопруг бил одлучуваат да го прослават успехот во друштво со неколку пријатели. По доаѓањето на гостиет во нивниот дом во Лондон, Бил неочекувано ја објавува веста која ги запрепастува присутните и така ја расипува забавата, а со тоа ги става под прашалник љубовта, пријателството, политичките убедувања и дотогашниот начин на живеење. Зад фасадата на културните и либерални левичари се кријат луѓе кои се на работ на експлозијата, а со разгорувањето на нивниот судир, некои од присутните посегнуваат и по оружје...

Наводи

Категорија:Филмови на Сали Потер Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Британски филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови со Силијан Марфи Категорија:Филмови со Кристин Скот Томас Категорија:Филмови со Патриша Кларксон Категорија:Филмови со Чери Џоунс Категорија:Филмови со Емили Мортимер Категорија:Филмови со Бруно Ганц Категорија:Филмови со Тимоти Спол Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лондон