мини|319x319пкс|Корицата на првиот том, вклучувајќи го Дваесет и Петтиот Бам Кула на Бог (, ) — јужнокорејска манхва напишана и илустрирана од Ли Џонг Хуи (псевдоним S.I.U, Slave In Utero), цифрено објавена од Naver Corporation од 5 јули 2010 г. Службено била објавена на англиски јазик на 30 јуни 2014 г. на платформата Line Webtoon. Делото е преведено на 28 јазици во светот.

На 1 април 2020 г., била објавена истоимената анимирана серија (аниме) од Telecom Animation Film, првпат прикажана на јужнокорејскиот семрежен портал Naver. Втората сезона ќе има премиера во јули 2024 г. од The Answer Studio.

Содржина Приказната се врти околу момче по име Дваесет и Петтиот Бам, кој го поминал поголемиот дел од својот живот заробен во пештера под таинствена и гигантска кула. Бам нема сеќавања за своето минато или светот надвор од кулата, а негова единствена придружничка е девојката по име Рахила, за која длабоко се грижи. Рахила сака да ги види ѕвездите надвор од кулата и го остава Бам зад себе за сама да ја искачи кулата. Решен да ја пронајде Рахила, Бам решава самиот да влезе во кулата, и покрај опасноста и предизвиците што претстојат.

Внатре во кулата, Бам наидува на разни други поединци, секој со свои причини за искачување. По патот, тој се спријателува со неколку ликови, вклучувајќи ја моќната и загадочна принцеза Јури Захард, и основа екипа што ќе му помогне да се движи низ испитувањата на кулата. Кулата е поделена на катови, секој со свои исклучителни предизвици и испитувања. За да напредува, дружината мора да ги помине овие испитувања и да ги надмине страшните противници. Како што напредува Бам, тој дознава повеќе за тајните на кулата и сложената хиерархија на жителите на кулата.

Во текот на неговото патешествие, Бам почнува да ја открива сопствената самоличност и цел. Открива и скриени сили во себе и се соочува со бројни противници, вклучувајќи моќни суштества познати како Испитувачи (англ. Rankers), кои се искачиле до 134. кат и добиле ранг.

Наводи

Надворешни врски

Кула на Бог на Naver Webtoon (корејски)

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Аниме-серии Категорија:Манхва