1828 Жан Анри Динан — швајцарски филантроп, основоположник на Црвениот крст и на Женевските конвенции. 1858 Руџеро Леонкавало — италијански композитор. 1884 Хари Труман — 33. претседател на САД. 1899 Фридрих фон Хајек — австриско-британски економист, добитник на Нобеловата награда. 1903 Фернандел — француски глумец. 1906 Роберто Роселини — италијански режисер. 1911 Роберт Џонсон — американски блуз-музичар. 1914 Глигор Смокварски — македонски композитор, кларинетист и музиколог. 1916 Жоао Авеланж — претседател на ФИФА од 1974 до 1998 година. 1926 Дејвид Атенборо — британски природонаучник и документарист. 1933 Џемаил Максут — македонски театарски и филмски глумец. 1935 Џек Чарлтон — англиски фудбалер. 1937 Томас Пинчон — американски писател. 1945 Кит Џерет — американски џез-музичар. 1951 Мајк Д'Антони — италијанско-американски кошаркарски тренер. 1951 Крис Франц — американски рок-музичар, член на групата Токинг хедс (Talking Heads). 1954 Џон Мајкл Телбот — американски пејач. 1956 Жарко Копривица — југословенски кошаркар. 1957 Масимо Урбани — италијански џез-музичар. 1960 Реџеп Акдаг — министер за здравство на Турција. 1960 Франко Барези — италијански фудбалер. 1960 Владимир Пиштало — српски писател. 1970 Луис Енрике — шпански фудбалер и тренер. 1975 Енрике Иглесијас — шпански пејач. 1977 Тедорос Папалукас — грчки кошаркар. 1978 Лусио — бразилски фудбалер. 1981 Андреа Барѕаљи — италијански фудбалер. 1985 Александар Каун — руски кошаркар. 1986 Дарко Соколов — македонски кошаркар. 1989 Беноа Пер — француски тенисер. 1990 Кемба Вокер — американски кошаркар. 1999 Ребека Андраде — бразилска гимнастичарка. 1999 Џанан Муса — босански кошаркар. 2000 Сандро Тонали — италијански фудбалер.
8 мај