ќулахли или Ќулехли (, Корифуди; до 1927 г. Κιουλιχλή, Ќулихли) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.
Географија Селото се наоѓа на западниот брег на Бутковското Езеро, јужно од Бутково. Југоисточно над селото се наоѓа манастирот „Св. Ѓорѓи“.
Селото се делело на Горно и Долно Ќулахли, кои во извесен период се попишувале одделно.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Ќулахли било село во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кулахлии (Kulahlii) било село со 19 домаќинства сочинети од 42 жители муслимани.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото Ќулакли броело 80 жители, сите Турци.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. Горно Ќулахли е попишано со 163, а Долно со 85 жители. Во 1920 г. маалата се попишани заедно со 166 лица и веќе не се сметаат за одделни. Во 1924 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Така, во 1928 г. Ќулахли е претставено како чисто дојденско попишан 101 жител (30 семејства).
Во 1940 г. во селото живееле 88 лица. Според Тодор Симовски, селото е напуштено во Втората светска војна, и тој смета дека селаните најверојатно се преселиле во Бутково. Судсјќи по статистиките, селото веројатно е обновено во 1990-тите, така што во 2001 г. веќе се води како постоечко со 49 жители.
Население
Наводи
Категорија:Синтика