„Suze biserne“ (македонски: „Бисерни солзи“) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин земена од нивниот тринаесетти студиски албум Nebo boje moje ljubavi (1996). Песната ја напишала хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ, а ја компонирал хрватскиот продуцент и композитор Тончи Хуљиќ додека продукцијата била финализирана од страна на Стипица Калоѓера. Била издадена како првиот сингл од албумот на бендот во 1996. Ја обележала првата соработка на бендот со пејачката Јелена Розга како главен вокалист.

Придружно музичко видео за песната било издадено во 1996 коешто ја прикажало Розга како го пее текстот на песната на лулашка, коешто е исто така помешано со сцени од бендот како ја свири песната. Бендот ја вклучил песната на сет листата на нивните настапи во живо и кога се одделила како соло артист, Розга исто така ја изведувала во живо на нејзините концерти и турнеи, последната од кои била Турнејата „Minut Srca Mog“. Неколку хрватски артисти ја преработиле песната, вклучувајќи ги и Хана Хуљиќ и Ванда Винтер за музичкиот албум на ТВ серијата Stella во 2013 и Матија Цвек за акустичен настап во живо во 2021. Оркестрална преработка од песната на хрватски и англиски, насловен „Suze Biserne“ бил преработен од страна на бендот Tonči Huljić & Madre Badessa Band за нивниот трет студиски албум Inamorana (2021) издаден преку Кроација рекордс.

Заднина Во 1996, Данијела Мартиновиќ која била главниот вокалист на бендот Магазин се одлучила да ја напушти групата, за да ја започне својата соло кариера, откако настапула со бендот четири години. Нејзината позиција како главен вокалист во бендот била наследена од страна на Јелена Розга која дебитирала настапувајќи со песната „Aha“ на Дора од 1996, хрватскиот натпревар за Евровизија таа година, каде што завршила втора. Само четири месеци после настапот, песната „Suze Biserne“ од Магазин била издадена кога Розга била новиот водечки пејач на бендот. „Suze Biserne“ била напишана од дуото Вјекослава Хуљиќ и Тончи Хуљиќ додека аранжманот бил финализиран од Стипица Калоѓера. Била вклучена на тринаесеттиот студиски аблум на бендот, Nebo Boje Moje Ljubavi (1996).

„Suze Biserne“ била испратена како песната на бендот на фестивалот Melodije Hrvatskog Jadrana од 1996, којшто претставувал дебитантниот настап на Розга. Истата година, песната ја добила наградата за најнастапувана песна на фестивалот. По издавањето, песната била пресретната со помешани реакции од страна на публиката. Покрај тоа, низ годините, песната се стекнала со популарност и за време на интервју со шоуто Profil со црногорскиот ТВ канал Радио и Телевизија на Црна Гора, Розга ја нарекла една од нејзините „мегахитови“ коишто ги снимила со бендот.

Музичко видео Музичкото видео за песната било снимено и издадено во 1996. Ја претставува главната пејачка Јелена Розга како го пее и игра на текстот на песната пред куќа и како се лула на лулашка. За неколку сцени, облечена е во црно здолниште и зелена кошула додека на други сцени е претставена во портокалово фустанче. Снимки од останатите четири члена на бендот се исто така прикажани во видеото. Во интервју во 2011, Розга открила дека поминала шест до седум часа како се лула во музичкото видео. Во него, таа се појавува со кадрава коса, којашто се разликува од нејзиниот претходен изглед.

Настапи во живо и преработки „Suze biserne“ била вклучена на сет листата на Магазиновите концерти во живо за времето кога Розга била главна пејачка во бендот, вклучувајќи го и тој во декември 2004 во Сава Центарот во Белград, Србија. Настапот на песната бил вклучен на бендовиот албум во живо Magazin Live снимен за време на концерт во Скендерија, Босна и Херцеговина во 2000. Откако се утврдила себеси како соло артист, Розга продолжила да ја додава „Suze Biserne“ на нејзините сет листи, концерти во живо и свирки. На 19 април 2020, за време на вториот во серијата од седум концерти коишто ги одржала дома за време на Пандемијата на КОВИД-19, Розга извела акустична верзија на „Suze biserne“ придружена од Милан Терзе на гитара. Видеото било првично прикажано на Instagram Live и потоа на Јутјуб. Ја извела песната и на 25 декември 2020, на Божиќ, за време на онлајн концерт, овојпат придружена и од Карло Дотур на гитара. Во 2022 и 2023, песната била вклучена на сет листата на регионалната концертна Турнеја „Minut Srca Mog“.

Во 2013, Хана Хуљиќ снимила преработка на „Suze Biserne“ заедно со музичарката Ванда Винтер. Оваа верзија била вклучена на ТВ серијата Stella која била прикажана на Нова ТВ. Нејзината верзија на песната била добро прифатена од страна на публиката и Розга, којашто коментирала дека е „интересно да видиш како некој внесува нов живот во твоите песни, што само докажува дека добра песна е секогаш добра, без разлика на аранжманот во којшто е отсвирена“. На 11 март 2021, за време на настап во живо на емисијата на narodni radio насловена „living room acoustic“ („акустично во дневната соба“), хрватскиот поп пејач Матија Цвек испеал акустична преработка на „Suze biserne“. Тој подоцна исто така ја вклучил песната во неговите настапи во живо. Неговата верзија на песната била претставена како „нешто сосема поразлично“ и била добро прифатена од слушателите. „Suze biserne“ исто така била изведена од Дарија Кинзер, австриска пејачка со хрватско потекло, која кога имала 11 години ја извела на талент шоу во Австрија и победила на натпреварувањето. Во почетокот на 2023, видео на музичарот Џејмс Најт којшто ја препеал песната на англиски станало вирално.

Преработка од 2021 На 16 април 2021, како прослава на поминати 25 години во музичката индустрија и објавувањето на нејзината прва песна со Магазин, „Suze Biserne“, Розга соработувала на нејзината инструментална преработка со фолк бендот за нивниот трет студиски албум Inamorana (2021) издаден преку Croatia Records. Покрај верзијата на хрватски, песната исто така била преведена на англиски под насловот „Tears of Pearl“ и овозможена за издавање на маркетот надвор од Хрватска.

За време на интервју во април 2021, Хуљиќ изјавил дека концепт видео за преработката постои. Тој бил задолжен за сценариото коешто било режирано од Војан Коцеиќ. Видеото било снимено во старите делови во Сплит и во него глумат млада глумица и радио презентерката Петра Капор. На 2 декември 2022, Хуљиќ издал видео од сценски настап на песната заедно со оркестар коешто го носело англискиот наслов „Tears of Pearl“. Музичарката Хана Хуљиќ била задолжена за неговата оркестрација. Видеото не било издадено сè до 2024.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Хрватски песни