Северна Трансилванија (, ) ― регион на Кралството Романија кој за време на Втората светска војна, како последица на територијалниот договор од август 1940 година познат како Второ виенско доделување, станал дел од Кралството Унгарија. Со површина од 43,104 км2, населението главно било составено и од етнички Романци и Унгарци.

Во октомври 1944 година, советските и романските сили добиле контрола на територијата, а до март 1945 година Северна Трансилванија била вратена под романско управување. По војната, тоа било потврдено со Парискиот мировен договор од 1947 година.

Заднина

Регионот има разновидна историја. Некогаш бил јадрото на Кралството Дакија (82 п.н.е.–106 н.е.). Во 106 н.е., Римската империја ја освоила територијата, систематски искористувајќи ги нејзините ресурси. Откако римските легии се повлекле во 271 г. н.е., бил зафатен од низа различни племиња, ставајќи го под контрола на Карпите, Визиготите, Хуните, Гепидите, Аварите и Словените. Во текот на 9 век, Трансилванија потпаднала под власт на Бугарското Ханство.

Унгарците освоиле голем дел од Средна Европа на крајот на 9 век и речиси шестотини години, Трансилванија била војводство во Кралството Унгарија. По Мохачката битка во 1526 година и унгарскиот пораз од Османлиите, Трансилванија станала полунезависно кнежевство под власта на месното унгарско благородништво, но поради владение на Отоманската Империја. Потоа станала покраина на Хабсбуршката Монархија како Земји на Унгарската Круна, а по 1848 година и повторно од 1867 до 1918 година била вклучена во Кралството Унгарија во рамките на Австроунгарија. Двојната монархија била распуштена по Првата светска војна.

Етничките Романци, кои го образувале мнозинското население на Трансилванија, избрале претставници кои го прогласиле обедунувањето со Романија на 1 декември 1918 година. Прогласот за обединување во Алба Јулија бил усвоен од пратениците на Романците од Трансилванија за време на Големото национално собрание во Алба Јулија, поддржан еден месец подоцна со гласањето на пратениците на Трансилванските Саксонци за време на Собранието во Медијаш. До пролетта 1919 година, за време на Унгарско-романската војна, Трансилванија станала под административна контрола на Романија. Конечно, во јуни 1920 година, со Тријанонвскиот договор, Трансилванија била доделена на Кралството Романија.

Текстот на Второто виенско доделување

Последната рута на граничната линија, која ја дели Романија од Унгарија, ќе одговара на онаа означена на географската карта прикачена овде. Романско-унгарска комисија на лице место ќе ги утврдува подробностите за трасата. Романската територија доделена на Унгарија ќе биде евакуирана од романските војници во рок од 15 дена и ќе биде предадена во добар ред. Различните фази на евакуацијата и окупацијата, како и нивните модалитети ќе бидат фиксирани во рамките на романско-унгарската комисија. Унгарската и романската влада ќе се погрижат евакуацијата и окупацијата да бидат извршени во полн ред. Сите романски поданици, населени на овој ден на територијата што треба да ја отстапи Романија, добиваат унгарско државјанство без никакви формалности. Во рок од 6 месеци ќе им биде дозволено да се одлучат во корист на романската националност. Оние лица кои ќе го остварат ова право, ќе ја напуштат унгарската територија во дополнителен период од 1 година и ќе им биде дозволено да се преселат во Романија. Тие ќе можат непречено да го земат својот движен имот, да го ликвидираат нивниот недвижен имот до моментот на нивното заминување и да го земат со себе добиениот производ. Доколку не успее ликвидацијата, овие луѓе ќе бидат обештетени од Унгарија. Унгарија ќе ги реши сите прашања поврзани со трансплантацијата на оптанти на широк и приспособлив начин. Романските поданици од унгарска раса, основани на територијата отстапена во 1919 година од Унгарија на Романија и кои останаа под суверенитет на државата, добиваат право да се определат за унгарска националност, во период од 6 месеци. Начелата наведени во став 3 се применуваат и на лицата кои го користат ова право. Унгарската влада свечено се обврзува целосно да го асимилира романскиот народ со другите унгарски поданици, кои врз основа на горенаведената арбитража ќе добијат унгарско државјанство. Од друга страна, романската влада ја презема истата свечена обврска во однос на нејзините унгарски поданици, кои ќе останат на романска територија. Деталите кои произлегуваат од трансферот на суверенитетот ќе бидат регулирани со директен договор меѓу романската и унгарската влада. Доколку се појават какви било тешкотии или сомнежи при примената на оваа арбитража, романската и унгарската влада ќе се обидат директно да постигнат договор. Доколку не се постигне договор, спорот ќе биде доставен до владите на Рајхот и Италија, кои ќе усвојат конечно решение.

Второ виенско доделување

лево|мини| Романија во 1940 година со Северна Трансилванија означена со жолта боја. лево|мини| Територијалните загуби на Романија во летото 1940 година. Во јуни 1940 година, Романија била принудена (како последица на Пактот Молотов-Рибентроп ) да се подложи на советски ултиматум и да го прифати припојувањето на Бесарабија и Северна Буковина кон СССР. Последователно, Унгарија се обидела да ја врати Трансилванија, која ја изгубила веднаш по Првата светска војна. Германија и Италија извршија притисок и Унгарија и Романија да ја решат ситуацијата со билатерален договор. Двете делегации се сретнале во Турну Северин на 16 август, но преговорите пропаднале поради барањето за територија од 60 км2 од унгарската страна и само понуда за размена на население од романската страна. За да ја попречат унгарско-романската војна во нивната „заднина“, Силите на Оската извршиле притисок врз двете влади да ја прифатат нивната арбитража: Второто виенско доделување, потпишана на 30 август 1940 година.

Историчарот Кит Хичинс ја сумира ситуацијата создадена од доделувањето:

Далеку од решавање на работите, Виенското доделување ги влоши односите меѓу Романија и Унгарија. Тоа не го реши проблемот со националноста со одвојување на сите Унгарци од сите Романци. Околу 1.150.000 до 1.300.000 Романци, или 48 отсто до над 50 отсто од населението на отстапената територија, во зависност од тоа чија статистика е користена, останале северно од новата граница, додека околу 500.000 Унгарци (други унгарски проценки достигнуваат и до 800.000 романски, дури 363.000) продолжија да живеат на југ.

мини| Етничка карта на Северна Трансилванија. Унгарското население било во невообичаена ситуација да биде огромно мнозинство во областа на југоисточна Трансилванија, длабоко во Романија и далеку од унгарската граница (областа, позната како Земја Секели, денес е главно во окрузите Харгита, Ковасна и Муреш), и не само во одредени области до унгарската граница (како во случајот со Чехословачка и Бачка или Барања). Решението за кое било одлучено било да биде направен коридор северозападна Романија, вклучително и голема област населена со Романци, со цел да биде вклучена оваа област со унгарско мнозинство во Унгарија.

Население на Северна Трансилванија, според романскиот попис од 1930 година: ОкругНаселениеРоманциУнгарциГерманциЕвреиДругиБихор (само отстапениот дел)305,548136,351130,1272,10120,42016,549Чјук145,80620,976120,6274392,3831,381Клуж (само отстапениот дел)256,651141,60785,2842,66916,05711,034Марамуреш161,57593,20711,1743,23933,82820,127Муреш (само отстапениот дел)269,738115,773121,28211,2719,84811,564Насауд145,574103,8977,48821,2116,4506,528Одорхеј (само отстапениот дел)121,9845,430112,3754541,2502,475Салаж343,347192,821107,66216,01013,38013,474Сату Маре294,875178,52374,1919,53023,9678,664Сомеш219,355169,94233,87035110,5464,646Треј Скауне (само отстапениот дел)127,76917,505105,8347607072,963Тарна Мика и Тарнава Маре (само отстапените делови)2,9314011,64265949180Вкупно во Северна Трансилванија2,395,1531,176,433911,55668,694138,88599,585Процент100 %49.11 %38.05 %2.86 %5.79 %4.15 % Според романските проценки на регионот пред арбитражата во 1940 година, имало 1.304.903 Романци (50,2%) и 978.074 (37,1%) Унгарци. Една година подоцна, унгарскиот попис го броел населението како 53,5% Унгарци и 39,1% Романци.Károly Kocsis, Eszter Kocsisné Hodosi, Ethnic Geography of the Hungarian Minorities in the Carpathian Basin, Simon Publications LLC, 1998, p. 116

Различните соодноси биле предизвикани од комбинација на сложени фактори како што се преселувањето, асимилацијата на Евреите и двојазичните говорници.Árpád E. Varga, nepes.htm Studies of the demographic history of Transylvania. Според унгарските заведувања, 100.000 унгарски бегалци пристигнале во Унгарија од Јужна Трансилванија до јануари 1941 година. Дотогаш имало вкупно 109.532 романски бегалци од Северна Трансилванија. Падот на вкупното население наведува дека дополнителни 40.000 до 50.000 Романци се преселиле од Северна Трансилванија во Јужна Трансилванија, вклучително и бегалци кои биле испуштени од службената регистрација поради различни причини. Дополнително, унгарските придобивки со асимилација биле урамнотежени со загуби за други групи на домородни говорници, како што се Евреите. Во окрузите Марамарош и Сатмар, во десетици населби имало многу луѓе кои се декларирале како Романци, но сега се идентификувале како унгарски, иако не зборувале ниту еден унгарски дури и во 1910 година.

Масакри По окупацијата на Северна Трансилванија во есента 1940 година, романското население било цел на одмазднички акции од страна на унгарските националисти. Биле сторени воени злоупотреби, незаконски апсења, мачења, линчови, егзекуции, агресивна ароганција на претставниците на новите административни структури.William Totok, Eastern Rehabilitation Fever. десно|мини| Унгарските трупи маршираат во Залау (Зилах) на 8 септември 1940 година.

Романска статистика за злоупотреби извршени од унгарските власти Во статистичкиот извештај на Државниот секретаријат за националности, од Букурешт, за ситуацијата во Северна Трансилванија од 30 август 1940 до 1 ноември 1941 година, 919 убиства, 1.126 осакатувања, 4.126 тепања, 15.893 апсења, 124 сквернавења, 78 и 447 збирни и поединечни пустошења се спомнувани. Неколку дена по поставувањето власт, окупаторските власти почнаа да ги депортираат Романците во логорите. Според извештајот на командантот на логорот во градот Пуспокладани, излегува дека 1.315 Романци биле интернирани само во тој логор во септември 1940 година, многу над неговиот максимален капацитет. Следствено, истиот месец, други логори биле основани во Сомешени и Флорести, во близина на Клуж Напока.Sr. Cluj-Napoca Archive, Cluj County Prefecture fund.

Исто така, имало масовни протерувања на етнички Романци преку новата граница наметната со Второто виенско доделување, особено на оние што се сметани за опасни или веројатно непријателски настроени кон новиот режим. Почнувајќи од 1940 година, протерувањата биле практикувани до 1944 година, кога, во септември и октомври, унгарските власти биле протерани од советските и романските воени единици. До 1 јануари 1941 година, имало вкупно 109.532 романски бегалци, од кои 11.957 биле Трансилванци протерани од унгарските власти (вклучувајќи случаи на етнички Унгарци кои не биле признавани како Унгарци).

Статистиката што го опфаќа периодот од 1 септември 1940 до 1 декември 1943 година укажува на вкупно 218.919 протерани лица."George Baritiu" Cultural-Scientific Society, History of Romania. Ова вклучувало бројни бегалци кои ги напуштиле своите места на живеење поради страв од новата унгарска администрација. На 23 август 1944 година, кога државниот удар на кралот Михај ја свртел Романија против Оската и започнал борбата за ослободување на Северна Трансилванија, имало над 500.000 луѓе од отстапената територија, врз основа на Второто виенско доделување, во Романија.Mihai Fătu and Mircea Mușat, Horthysto-fascist terror in northwestern Romania (September 1940 - October 1944) , Politică Publishing House, Bucharest, 1985, pp. 142-144