Тејлор Џенкинс Рејд е американска авторка најпозната по нејзините романи Седумте maжи на Евелин Хуго, Дејзи Џоунс енд Д сикс, Една вистинска љубов, Малибу во пламен и Кери Сото се врати.
Кариера Рејд дипломирала на Емерсон колеџот во Бостон на катедрата за медиумски студии. Таа ја започнала својата кариера во филмска продукција.
По завршувањето на колеџот, Рејд се преселила во Лос Анџелес и работела како кастинг асистент. Рејд работела и во средно училиште пред да склучи договор за издавање на книга. Засекогаш, прекината, нејзиниот прв роман, бил објавен во 2013 година. Рејд го напишала телевизиската серија Resident Advisors, кое била премиерно прикажана во 2015 година.
Нејзиниот роман Седумте maжи на Евелин Хуго бил објавен во 2017 година и постигнал комерцијален и критички успех. Романот ја раскажува приказната за измислена ѕвезда од Стариот Холивуд додека таа ги открива долгогодишните тајни кои оставаат дамка врз нејзиниот мистериозен живот и гламурозните бракови.
Романот на Рејд од 2019 година Дејзи Џонс енд д Сикс ги раскажува подемите и падовите на измислен рок бенд од 1970-тите и приближно се базира на бендот Флитвуд Мек. Дејзи Џонс енд д Сикс ја освои наградата Goldsboro Books Glass Bell во 2020 година. Аудио книгата беше прогласена за една од најдобрите аудио книги на Apple за 2019 година. Студиото Амазон ја разви Дејзи Џонс енд д Сикс во минисерија, истоимено насловена, која дебитираше во 2023 година
Рејд ја објавила Кери Сото се врати во 2022 година. Тоа е четвртата и веројатно последна книга од „познатиот женски квартет“ на Рејд, по Седумте мажи на Евелин Хуго, Дејзи Џонс енд д Сикс, и Малибу во пламен. Рејд изјавила дека има намера да направи подолга пауза пред да го започне својот следен книжевен проект.
Личен живот Рејд е родена во Мериленд на 20 декември 1983 година. На 12-годишна возраст, Рејд и нејзиното семејство се преселиле во Актон, Масачусетс. Додека работела во филмската индустрија, таа го запознала и се омажила со Алекс Џенкинс Рејд, сценарист.
Библиографија
Романи
Засекогаш, прекинати (2013) (2014) Можеби во друг живот (2015) Една вистинска љубов (2016) Седумте мажи на Евелин Хуго (2017) Дејзи Џонс енд д Сикс (2019) Малибу во пламен (2021) Кери Сото се врати (2022)
Кратки раскази
Доказ за аферата (2018)
Награди
Добитник на Гудридс наградата во 2019 – за најдобра историска фикција за Дејзи Џонс енд д Сикс
Добитник на Гудридс наградата во 2021 – за најдобра историска фикција за Малибу во пламен
Добитник на Гудридс наградата во 2022 – за најдобра историска фикција за Кери Сото се врати
Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Американска книжевност Категорија:Писателки